Само 19 отсто од Германците се задоволни од работата на владата

t

Тема беше и малата популарност на коалициската влада составена од СПД, Зелените и либералите. И повторно се договорија да се борат помалку и да работат подобро, пишува Дојче веле.

Германците, сепак, веќе немаат голема доверба во коалициската влада. Само 19 отсто од нив се задоволни од нејзината работа. Ова го покажува истражувањето на јавното мислење на ARD-Deutschlandtrend спроведено од институтот infratest-dimap. Анкетата е спроведена од 28 до 30 август на репрезентативен примерок од 1.310 граѓани со право на глас.

Големо незадоволство има и кај поддржувачите на партиите од владејачката коалиција. Поддржувачите на либералите (ФДП) се особено незадоволни од политиката на владата. Четири петтини остро ја критикуваат владата, во која има и министри од ФДП. Не е невообичаено владите да губат популарност на почетокот на нивниот мандат. Но, претходните влади успеаја да ја вратат довербата на гласачите многу пред половината од нивниот мандат. Семафор-коалицијата досега не можеше да го направи тоа иако наполни половина од својот мандат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Легендарниот кошаркар Бодирога влегува во српскиот парламент

Легендарниот кошаркар и поранешен репрезентативец на СФР…

Тепачка во казино во Струга

На 25.10.2026 во 15:25 часот во ОВР…

АХВ заплени и уништи 470 килограми месни…

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), минатата…

И Македонија ќе треба да излезе од…

Русија ќе се обиде да ја искористи…

Радев со застрашувачки изјави: Во вториот круг…

Изборите се многу тревожен сигнал за целото…