Објавено на:

Санчез за драмата во Шпанија: Станува збор за напад врз територијалниот интегритет на нашата земја

t

Шпанскиот социјалистички премиер Педро Санчез во саботата ја нарече драмата во Мелила, шпанска енклава на територијата на Мароко, „напад врз територијалниот интегритет“ на Шпанија.

„Станува збор за напад врз територијалниот интегритет на нашата земја“, изјави Санчез на прес-конференција во Мадрид.

Санчез ја обвини „мафијата која се занимава со трговија на луѓе“, за одговорност за „насилниот напад“ на границата на Мароко и енклавата Мелила во кој животот го загубија 18 мигранти.

„Доколку некој е одговор за она што се случи на границата, тоа е мафијата којашто се занимава со трговија со луѓе“, истакна шпанскиот премиер.

Според последните податоци од мароканските власти, 18 илегални мигранти загинале кога речиси две илјади мигранти се обиделе да влезат во Мелила. Налетале на врискаа ограда којашто ја опкружува енклавата, што предизвика судир со безбедносните сили.

Во текот на изминатите десет години, шпанските енклави Мелила и Сеута, кои се наоѓаат на северниот африкански брег, станаа магнет за мигрантите главно од субсахарските области кои се обидуваат да влезат во Европа.

Извор

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шпанија ја скратува работната недела!

Шпанската Влада и двата најсилни синдикати во…

Бројот на жртвите во поплавите во Шпанија…

Шпанските власти соопштија дека бројот на жртвите…

Во Шпанија запленети рекордни 13 тони кокаин

Шпанската полиција денеска откри и заплени 13…

(Видео) Кралот на Шпанија го гаѓаа со…

Стотици луѓе протестираа против шпанскиот крал Фелипе…

Во Шпанија спасена жена која три дена…

Жената која три дена била заробена во…