Саудиска Арабија испрати хуманитарна помош во Украина
Украина доби хуманитарна помош од Саудиска Арабија во вредност од 94 милиони евра, вклучувајќи ги и многу потребните генератори по серијата руски ракетни напади врз украинските капацитети за производство на електрична енергија.
„Во хуманитарната помош имаше и 135 моќни генератори со 20 до 400 киловати енергија, термички ќебиња и средства за хигиена“, соопшти Андриј Јермак, помошник на претседателот на Украина Володимир Зеленски.
Тој рече дека Киев е многу благодарен за помошта,. Според Јермак, помошта што со три транспортни авиони е донесена во земјата ќе биде поделена на шест украински региони, каде илјадници луѓе ќе имаат корист од неа.
„Хуманитарната помош е знак на солидарност и поддршка што постои меѓу две земји“, додаде Јермак.
Саудиската помош има и голема симболична вредност во услови кога Киев и неговите западни сојузници се „натпреваруваат“ со Москва за поддршката на другите региони во светот, вклучително и на Блискиот исток.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Црна Гора испраќа војници во Украина!
Црногорскиот парламент усвои одлука за испраќање припадници…
Меџити од Одеса: Силно ја осудуваме руската…
Вицепремиерот Изет Меџити денеска учествуваше на Самитот…
Само Вучиќ не ја потпишал антируската декларација…
Само српскиот претседател Александар Вучиќ, од функционерите…
Украина врати група воени заробеници во Русија
Украина ја врати втората група руски војници…
ВОЗНЕМИРУВАЧКО! Украински војник ослободен од руско заробеништво…
Суровоста и нехуманото постапување кон воените заробеници…