Сашо Тасевски ја пофали полицијата: Цело време некој погрешно ја наведувал

t

Пишува Сашо Тасевски на Фејсбук:

Ајде откри злостор во прв ден ако некој од кој најмалку очекуваш кажува три верзии на настаните кои претходеле на злосторот.

Значи некои инспектори со право биле многу бесни, зашто и самите се родители.
Праќаш луѓе да проверат дали се точни информациите што ти ги кажува блиското лице на жртвата, гледаш дека не се
точни.

И како во прв ден да го разрешиш злосторот?
Како да го спречиш злосторот, ако некој што знае нешто, не дојде барем ден пред злосторот да каже?
Не е само да фрлаш со камења по некого партиски обоен од глава до петици.

Оние кои заслужуваат пофалба и почит не се политичките функционери во полицијата, туку инспекторите, професионалците кои се соочувале со сериозно сулуди проблеми во истрагата што им одземале драгоцено време да спречат злостор. Или да го откријат уште првиот ден. И покрај тоа го открија многу брзо. Уапсија пет души. За жал, немаше спас за жртвите.

Но, пак ќе кажам, за тоа треба да си сноси одговорност некој/а што не бил искрен/а кога го/ја сослушувале. Па дури намерно или не, таа личност бранела некои од обвинетите. Ви се моЛам…

Ај сега на плукање колку сум шарен и каква вртикапа сум.

Слободно плукајте. Не ви ги бришам коментарите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во понеделник ќе се одлучува дали ќе…

Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност в…

Рикер: Прашање на време е кога ќе…

Поранешниот шеф на УНМИК на Косово, Јоаким…

(Видео) Левица претстави идеен проект: Ќе изградиме…

Левица ќе изгради спомен обележје на бранителите…

Кои се најопасните земји за посета во…

Јужен Судан, Либија и Авганистан се најопасните…

Хоспитализирани четири лица со голема кашлица, нови…

Нови 27 случаи на голема кашлица се…