Сајбер-напад врз три британски аеродроми, украдени податоци на 8,7 милиони корисници
Податоците на 8,7 милиони корисници се украдени по сајбер-напад врз три аеродроми во Велика Британија, вклучувајќи ги Манчестер и Станстед, соопшти денеска компанијата „Манчестер ерпортс груп“ (MAG).
За време на хакерскиот напад биле украдени податоци што вклучуваат адреси на е-пошта, телефонски броеви, регистарски таблички на возила и поштенски кодови, пренесува „Скај њуз“.
Компанијата објави информации за „инцидент поврзан со сајбер-безбедноста“ што ги засега аеродромите Манчестер, Станстед и Ист Мидлендс.
„Групацијата ’Манчестер ерпортс‘ беше цел на инцидент поврзан со сајбер-безбедноста, предизвикан од неовластена трета страна“, изјави портпарол на MAG.
Како што се наведува во соопштението, дошло до неовластен пристап до одредено количество кориснички податоци поврзани со резервации за паркинг, пристап до ВИП-сали и услугите „Fast Track“ (брз премин низ контрола), како и до податоци за регистрација за користење на Wi-Fi мрежата на аеродромите Манчестер, Станстед и Ист Мидлендс.
„Веднаш го ставивме ризикот под контрола и работиме со стручни советници, преземајќи соодветни чекори за заштита на нашите корисници и системи. Ги известивме надлежните органи и соработуваме со нив. Безбедноста на патниците и на воздушниот сообраќај во ниту еден момент не беше загрозена“, соопштија од групацијата MAG.
Како што додадоа, пристапениот систем не содржел банкарски податоци или информации за плаќање на корисникот.
Операциите на аеродромите и паркирањето на возилата се одвиваат непречено, објави оваа група.
Бројот на сајбер напади насочени кон јавната инфраструктура, вклучувајќи ги и аеродромите, е во пораст, според Sky News.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…