Објавено на:

СБ ја предупредува албанската Влада дека е загрозено финансирањето на долгот

t

Светската банка, во својот последен извештај за Централна Европа и Азија, е остра за високото ниво на долг на Албанија и предупредува дека неговото рефинансирање може да биде загрозено и дека владата може да биде принудена да ги намали своите капитални расходи.

-Јавниот долг дополнително се зголеми во 2021 година, достигнувајќи 78,4 отсто од бруто домашниот производ (БДП). Владата го суспендираше фискалното правило за намалување на долгот кон БДП и издаде еврообврзница од 650 милиони евра, искористувајќи го стабилниот рејтинг на земјата Б +. На сегашното ниво, високиот државен долг е изложен на значителен ризик за рефинансирање. Со оглед на моментната инфлација и очекуваното заострување на монетарната политика во економиите со високи приходи, намалувањето на јавниот долг на Албанија и зајакнувањето на кредибилитетот на нејзината фискална политика се од витално значење, стои во извештајот, пренесува весникот „Монитор“.

Се додава дека јавниот долг се очекува благо да се намали, на 78,1 отсто од БДП во 2022 година, и позначајно на среден рок. Сепак, банката предупредува, дека фискалната рамнотежа може дополнително да се влоши ако меѓународната средина е неповолна, принудувајќи ја владата да ги намали капиталните трошоци за да спречи зголемување на односот долг кон БДП.

Со оглед на зголемената зависност на Албанија од надворешно финансирање, ризиците од девизниот курс, каматните стапки и рефинансирањето остануваат високи.

-Според извештајот, повисоките даночни приходи и новиот долг и овозможија на владата да ги зголеми трошоците за инфраструктура. Владата, исто така, ги зголеми субвенциите за државните енергетски претпријатија за да обезбедат снабдување со енергија во текот на последниот квартал од 2021 година. Неизвесните обврски од државните енергетски претпријатија претставуваат големи буџетски ризици, додава „Монитор“.

Според табелите на Светска банка, јавниот долг се очекува да падне на 75,1 отсто од БДП во 2024 година.

Оваа финансиска институција ја намали прогнозата за економскиот раст во Албанија за оваа година.

-Банката веќе очекува домашната економија да порасне за 3,2 отсто или за 0,6 процентни поени помалку од претходниот коефициент. Дури и за 2023 година се очекува економијата да порасне за 3,4 отсто, или 0,3 процентни поени помалку од претходната процена, заклучува „Монитор“ во написот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ денес на средба со Макрон: 14…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска во…

Почина Србинката која беше застрелана од македонски…

Српската државјанка В.Ј. (30) од Трстеник, која…

Повеќе од 90 луѓе се удавија откако…

Повеќе од 90 луѓе се удавија откако…

НСДП најостро го осудува бруталното полициско апсење…

НСДП најостро го осудува бруталното полициско апсење…

Шефовите на дипломатиите на Британија и Франција:…

Министрите за надворешни работи на Велика Британија…