Сведок од МВР за претресот во домот на Блаже Палевски: Дали при вршењето на претресот од страна на некое лице присутно е извршен повик кон телефонски број на Вања?

t

Во скопскиот Кривичен суд продолжува судењето за убиството на малата Вања Ѓорчевска и пензионерот од Велес, Панче Жежовски. За првпат ќе се изведуваат материјалните докази. Обвинителството тврди дека убиствата на Вања и Панче се мотивирани од користољубие, обвинетите пак, се изјаснија дека не се виновни. На изминатите рочишта сведочеа најблиските од семејството на Вања и на Панче, и полициски службеници, вклучени во истрагата.

ОБВИНИТЕЛСТВО

О – Каде работите?

Е – Вработен во СВР Скопје како виш инспектор

О – Како овластено службено лице сте биле присутни на претресот во село Глуво кај Блаже Палевски на 03.12.2024 година?

Е – да

О – Какви дејствија преземавте Вие во врска со претресот?

Е – При претресот преземавме службени дејствија во врска со претрес на дом и други простории по наредба на судија на претходна постапка. При претресот одземени се предмети, еден лаптоп, еден таблет марка Самсунг и еден мобилен телефон марка Ајфон. Тие се одземени за што се изготвени потврди и се предадени за понатамошна постапка во одделот за крвни деликти

О – Како редовно ја спроведувате постапката за претрес?

Е – Претресот е извршен во времето од 20.30 до 22.15 во домот на Блаже Палевски бо село Глуво, за време на претресот е ангажиран адвокат негов, Драган Спиров, кој при претресот учествуваше цело време. Преземени се мерки од наша страна, при претресот пројадени беа предметите кои ги наведов претходно. При претресот дома биле сопственикот, сопругата и мајка му.

О – Дали при вршењето на претресот од страна на некое лице присутно е извршен повик кон телефонски број на Вања?

Е – При претресот немаше такво нешто. Немаше никој телефони, телефоните беа пред нас.

О – Од лицата присутни во домот имаше ли некакво вртење према некој телефон?

Е – Не, такво нешто немаме забележано

ВКРСТЕНО ПАЛЕВСКИ

П – Спомнавте дека вие како службено лице не сте вртеле на телефонскиот број на Вања и дека никој од останатите службени лица не вртел?

Е – Од наша страна од ниого присутните полициски службеници нема такво нешто направено

П – Дали забележавте дека некој друг од моето семејство вртел на телефон?

Е – Не е забележано такво нешто од наша страна

П – Дали во тој објект каде вршевте претрес претходните денови Ваши колеги биле на информативен разговор за да соберат информации?

Е – Јас не располагам со такви информации

П – Дали подоцна ОЈО Ве информираше за вртењето на телефонски број од моето семејство на оштетената Вања?

Е – Бевме повикани во ОЈО каде дадовме изјава, при што дадовме одговор дека немаме забележано такво нешто. Бевме повикани на таа околност

П – Дали при вршење на претресот ги одземавте телефоните на членовите на моето семејство?

Е – Во претресот се одземени само наведените апарати

П – Дали на почеток ги одземавте телефоните ?

Е – При претресот телефоните на сопственикот на куќата беа пред нас на увид, не беа одземени и додека разговарал сопственикот со адвокатот разговарал пред нас

П – Дали забележавте некој член од моето семејство врти телефон?

Е – Не

ВКРСТЕНО АДВОКАТ НА ПАЛЕВСКИ, МАРЈАН ВИТАНОВ

М- Познато ли ви е дека додека сте вршеле претрес од телефонскиот број на братот на Палевски, додека трае претресот е вртено кон телефонскиот број на оштетената, сега покојна Вања?

Е – Не, такво нешто немаме забележано

Марјан Витанов: Приговарам на исказот на овој сведок бидејќи е во спротивност со писмената документација за преземени нивни дејствија и истиот како таков, во тој дел е невистинит.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пристигнаа компресивните костуми за повредените во Кочани

Организацијата „Супорт Кочани“ денеска ја презеде првата…

Трамп: Иран требаше порано да преговара

Актуелниот американски претседател Доналд Трамп изјави на…

Се урна стар мост во Индија, има…

Четири лица загинаа, а 51 се повредени…

Луке Галески стана член на Надзорниот одбор…

Луке Галески, дел од Извршниот комитет на…

Израел ја погоди иранската државна телевизија за…

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац во…