Објавено на:

Сведоштво на првиот спасен Македонец на Халкидики: Животот им го должам на девојката-сурфер и крајбрежната стража

t

Првото спасено момче од морските води во Посеиди на Халкидики е 25 годишниот Васил Брезовски, кој од болницата во која што е згрижен за грчките медиуми посведочи што точно се случувало вчера.

Како што пренесува mynews.gr, за исчезнувањето на тројцата македонски туристи биле потребни само две минути.

-Отидовме на пливање со моите пријатели на место на кое тогаш немаше проблем, ниту високи бранови, ниту многу ветер. Но, за две минути, без да сфатиме, сцената се промени.

Го загубивме фокусот на неколку минути, иако бевме во плиткото. Но, ова беше доволно за времето да се промени и водата да не вовлече длабоко во морето.

Се обидував да останам смирен и да останам на површината на водата. До мене беше мојот друг пријател, третиот воопшто не го видов. Одеднаш и него го изгубив“, изјави за iefimerida.

За негова среќа, сурферка му пришла на местото каде што бил. Таа не можела да му помогне, но му рекла да почека и дека брзо ќе дојде помош.

Девојката ја известила крајбрежната стража и им ја кажала точната локација на Васил, поради што бил спасен.

Васил моментално останува во болницата Полигирос, и само што дознал дека е пронајден неговиот втор пријател и е безбеден.

Се надевам и посакувам и другиот да се најде“, рече тој.

Васил јавно  упати благодарност до своите спасувачи: „Сакам јавно да им се заблагодарам на моите спасувачи од крајбрежната стража. Тие беа многу професионални. Им го должам мојот живот и наскоро ќе се обидам да ги видам лично, да им се заблагодарам“.

Денеска напладне беше спасен и вториот член на групата, кој пливаше 18 часа, додека третиот се уште се води како исчезнат и по него се трага во спасувачка акција на власти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Куќите ни изгореа, нашите домови ги нема…

Драматични сцени се одвиваат на Халкидики, каде…

Пожарникар изгубил свест додека го гаснел пожарот…

Во туристичкото одморалиште Сивири на Халкидики, цел…

Нови детали за Србинот што се удави…

Горан Комазец од Белград е човекот кој…

Полициска акција во Скопје: За 8 часа…

Полицијата за 8 часа санкционирала 105 возачи…

Запленети чадори и лежалки – полицијата на…

Општина Касандра, со помош на грчката полиција,…