Светот пред нов нафтен шок: нападите врз Саудиска Арабија ја кренаа нафтата над 100 долари
Светскиот енергетски пазар повторно е под огромен притисок откако новите напади врз Саудиска Арабија дополнително ја нарушија безбедноста на снабдувањето со нафта од Блискиот Исток.
Цената на Брент нафтата во текот на денот се искачи до речиси 110 долари за барел, пред делумно да се повлече. Американската WTI исто така останува над границата од 100 долари.
Главната причина за новиот ценовен шок се нападите на Хутите врз саудиската инфраструктура. Особено сериозна е ситуацијата со саудискиот East-West Pipeline, стратешки нафтовод долг околу 1.200 километри кој овозможува нафтата од источните полиња да стигне до Црвеното Море без да поминува низ Ормутскиот Теснец.
По нападите, нафтоводот беше привремено затворен. Неговата важност е огромна – капацитетот на системот е доволно голем за неговото нарушување да влијае врз неколку проценти од глобалното снабдување.
Проблемот станува уште поголем бидејќи истовремено има инциденти и во Ормут. Во неделата беше погоден брод во теснецот, по што избувнал пожар и екипажот бил евакуиран.
Тоа значи дека двете најважни точки за извоз на енергенси од регионот – Персискиот Залив и Црвеното Море – истовремено се изложени на сериозен безбедносен ризик.
Доколку кризата продолжи, последиците нема да останат ограничени на Блискиот Исток. Поскапата нафта значи поскап дизел и бензин, повисоки транспортни трошоци, нов инфлациски притисок и дополнителен проблем за централните банки.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Поранешната портпаролка на Зеленски e осомничена за…
Службата за безбедност на Украина (СБУ) и…
Поради безбедносен ризик авион кој полета од…
Авионот на компанијата „Ер Србија“ (Air Serbia),…
Украина сака во ЕУ, но одбива трајни…
Украина е подготвена да прифати привремени ограничувања…
ДРАМА НА НЕБОТО НАД ЕВРОПА: Авион од…
**Авион на „Ер Србија“, кој вечерва полетал…
Пријавени прекини на интернет во делови од…
Во делови од Техеран се пријавени прекини…