,,Светот ќе се соочи со критичен недостиг на храна доколку Русија не ја прекине блокадата на пристаништата на Црното Море”
Светот ќе се соочи со критичен недостиг на храна доколку Русија не ја прекине блокадата на пристаништата на Црното Море, предупреди украинскиот министер за инфраструктура Олександар Кубраков.
Украина и нејзините сојузници бараат начини да извезат околу 22 милиони тони жито од земјата откако Русија зазеде некои од нејзините најголеми пристаништа. Руската морнарица сега ги контролира главните транспортни рути во Црното Море, блокирајќи ги украинските бродови.
„Напорите да се подобрат другите транспортни опции за да се донесе нивното жито по пат, река и железница нема да бидат доволни за да се извезе ниту дел од вкупните резерви на жито“, рече Кубраков за Фајненшл Тајмс.
Тој додаде дека дури 20 отсто од она што може да се извезе преку пристаништата на Црното Море не може да се направи по копно.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД одобрија можна продажба на опрема за…
Пакетот што го побарала украинската влада опфаќа…
ЕУ предлага санкции за една банка и…
Европската комисија предложила воведување санкции за една…
Чупиќ за германски медиуми: Србија нема да…
„Во нашата изборна програма јасно ставивме до…
Русија подготвува нуклеарен сателит што може да…
Русија го завршила склопувањето на сателит опремен…
Видео: Украински пилот со авионски топ собори…
Украинското воено воздухопловство објави снимка од кокпитот…