Светската банка прогнозира 11-процентен пад на цените на енергенсите наредната година
Светската банка соопшти дека очекува цените на енергенсите идната година да паднат за 11 проценти, по 60-процентниот раст годинава по руската инвазија на Украина, со забелешка дека забавениот глобален раст и ограничувањата за коронавирусот во Кина би можеле да доведат и до подлабок пад.
Во својот најнов извештај за изгледите на пазарот на стоки, Светска банка за 2023 година проектираше просечна цена од 92 долари за сировата нафта „Брент“ и 80 долари за 2024, иако тоа е се уште многу над петгодишниот просек од 60 долари за барел.
Истовремено се посочува дека извозот на руска нафта може да падне за два милиони барели дневно поради ембаргото на Европската унија за руските нафтени и гасни производи, заедно со ограничувањата за осигурување и транспорт што стапуваат на сила на 5 декември.
Ограничувањето на цената на нафтата предложено од групата „Г7“, исто така може да влијае врз доставите нафта од Русија, но за тоа да биде ефективно потребно е и учеството на големите пазари во развој и земјите во развој, цени СБ опишувајќи го самиот механизам како „недоверлив“ .
Светската банка објави дека посилниот долар, како и падот на вредноста на валутите на повеќето економии во развој, го поттикнале растот на цените на храната и горивата, што може да ја влоши несигурноста во храната која веќе погодува 200 милиони луѓе во светот. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ПОЖАР ВО СЕДИШТЕТО НА ЦИА: Пожарникари интервенирале…
Пожар избувнал во седиштето на американската Централна…
САД предупредуваат дека украинските напади длабоко на…
Пентагон денеска ги замоли западните земји кои…
КИБЕРНАПАД ВРЗ НАЈГОЛЕМИОТ СНАБДУВАЧ СО ПРИРОДЕН ГАС…
Норвешкиот енергетски гигант „Еквинор“ (Equinor), најголемиот снабдувач…
ПОРАНЕШНИОТ БУГАРСКИ ЦАР СО ПОРАКА ПО СРЕДБАТА…
Поранешниот бугарски цар и експремиер Симеон Сакскобурготски…
НЕОЧЕКУВАН ПОВИК ВО ИЗРАЕЛСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Нетанјаху итно…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, според информации што…