Објавено на:

Светска банка: Економските шокови во Европа ќе се влошат поради војната во Украина

t

„Војната ја продлабочи загриженоста за нагло забавување на светската економија, вртоглава инфлација и раст на долгот и зголемено ниво на сиромаштија. Економските последици се чувствуваат во многу економски текови, од стоковите и финансиските пазари, трговијата и врските со миграција до негативните ефекти врз довербата.“ се вели во последното издание на Извештајот на Светска банка за економски тековни работи во регионот на Европа и Централна Азија.

Се очекува земјите во развој во Европа и Централна Азија да претрпат најголем дел од негативните ефекти, а економијата во регионот ќе се намали за 4,1 отсто оваа година, наместо да порасне за три отсто според предвоените прогнози.

Светска банка забележува дека на регионот му се заканува забавување на економскиот раст оваа година поради сè уште присутните последици од пандемијата. Освен Русија и Украина, Белорусија, Киргистанската Република, Молдавија и Таџикистан се предвидува да влезат во рецесија оваа година, додека другите земји бележат пад на нивните стапки на раст поради ширењето на војната преку границите на Украина, соопшти Банката.

Имено, Русија и Украина учествуваат во вкупниот увоз на пченица на земјите од регионот со околу 40 отсто, што во некои централноазиски и јужнокавкаски земји се искачува на повеќе од 75 отсто. Русија е исто така важна извозна дестинација за многу од овие земји, а девизните дознаки од Русија сочинуваат речиси 30 отсто од БДП на некои земји од Централна Азија, како што се Република Киргистан и Таџикистан.

„Економските шокови предизвикани од војната ќе ги влошат сè уште присутните последици од пандемијата на ковид-19. Ова ќе биде втора контракција за две години, двојно поголема од онаа предизвикана од пандемијата во 2020 година“, соопшти Светската банка. .

Се проценува дека Украина ќе претрпи економски пад од 45,1 отсто, при што конечната скала на економскиот пад ќе зависи од времетраењето и интензитетот на војната, додека руската економија, погодена од невидени санкции, веќе падна во длабока рецесија со проектиран пад на производството за 11,2 отсто во 2022 година, посочуваат од Светска банка.

„Размерите на хуманитарната криза предизвикана од војната се незамисливи. Руската инвазија катастрофално се одрази на украинската економија и предизвика огромна штета на инфраструктурата“, рече во изјавата заменик-претседателката на Светска банка за Европа и Централна Азија, Ана Бјерде.

„На Украина ѝ треба итна финансиска поддршка во нејзините напори да го одржи функционирањето на економијата и владата да им помогне на настраданите граѓани кои треба да се справат со оваа екстремна ситуација“, рече таа.

Главниот економист на Светска банка Асли Демиргуч-Кунт рече дека војната во Украина и пандемијата уште еднаш докажаа дека кризите можат да предизвикаат сеопфатна економска штета и да уназадат години на напредок во однос на растот и развојот на БДП.

„Владите во регионот мора да ги зајакнат своите макроекономски резерви и кредибилитетот на нивните политики за да ги ограничат ризиците и да ја надминат можната фрагментација на трговските и инвестициските канали; тие мора да ги зајакнат своите социјални програми за заштита на најранливите, вклучително и бегалците, и да не отстапуваат од мерките за енергетска ефикасност, ефикасност што обезбедува одржлива иднина“, вели Демиргуч-Кунт.

Светска банка посочува дека длабоката хуманитарна криза најверојатно ќе остане едно од најтрајните наследства на конфликтот, при што бранот украински бегалци кои ги преплавија соседните земји се очекува да ги надмине сите претходни кризи.

Затоа помошта за земјите приматели на бегалци е клучна, а за таа цел Светска банка подготвува оперативни програми за да им помогне на соседните земји да одговорат на зголемената потреба од финансиски средства поради приливот на бегалци, забележуваат оттаму.

Тие исто така посочуваат дека Групацијата на Светска банка презела итни мерки за поддршка на народот на Украина, активирајќи пакет итни финансиски мерки во вредност од 925 милиони долари.

Итно доделените средства ќе помогнат во исплатата на платите на болничкиот персонал, пензиите за старите лица и социјалните бенефиции за ранливите популации, а се дел од пакетот од 3 милијарди американски долари со што Групацијата се подготвува да ја поддржи Украина во наредните месеци.

Банката исто така наведува дека скокот на цената на нафтата на светските берзи предизвикан од војната, исто така, ја нагласува потребата од зајакнување на безбедноста на снабдувањето со енергија преку зголемено снабдување од обновливи извори и дизајнирање и спроведување на сеопфатни мерки за енергетска ефикасност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Полска: НАТО треба да избегнува да ја…

Северноатлантската алијанса треба да избегнува провокации против…

Пентагон објасни што прават американските војници во…

САД веќе го започнаа процесот на испраќање…

Апел за помош за малиот Војдан

Апел за помош за малиот Војдан, кој…

38 години од нуклеарната катастрофа во Чернобил

Во раните утрински часови на 26 април…

Врховните судии во случајот со Трамп покажаа…

Историскиот случај, кој може да ја реши…