Светска банка: Македонската економија годинава ќе забележи раст од 2,4 отсто

t

Економијата на Македонија годинава ќе забележи раст од 2,4 отсто, проценува Светска банка во најновиот извештај за глобалните економски перспективи.

Економскиот раст во земјава благо ќе се забрза до 2,7 отсто во 2024 година и 2,9 отсто во 2025 година.

Светска банка предвидува дека целиот регион на Западен Балкан годинава ќе ја заврши со економски раст од 2,6 отсто. Клучни фактори кои влијаат на економските перспективи се влијанијата од војната во Украина, пониската лична потрошувачка, заострените глобални финасиски услови и послабата побарувачка во еврозоната.

Од земјите во регионот, годинава најголем економски раст ќе забележат Косово 3,7% и Црна Гора 3,4%. Албанија ќе има раст од 2,8%, Босна и Херцеговина, 2,5%, Србија 2,3%, Хрварска 1,9%, а Бугарија 1,5%.

Во однос на глобалните перспективи, Светска банка очекува годинава економскиот раст да забави и да изнесува 2,1% во однос на минатогодишините 3,1%.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скопје го одбележува Денот на ослободувањето –…

Скопје денеска го одбележува 13 Ноември, Денот…

Љупчо Пренџов избран за заменик генерален секретар…

На вчерашната седница на Извршниот Комитет на…

Трамп бара дополнителни 350 милијарди долари за…

Американскиот претседател Доналд Трамп го повика Сенатот…

Денес се празнуваат Светите апостоли Стахиј, Амплиј,…

Од Седумдесеттемина. Свети Стахиј му беше помошник…

Видете какво ќе биде времето денес

Променливо облачно со сончеви периоди и со…