Светските авиокомпании ги откажуваат летовите до и од Израел
Светските авиокомпании во голема мера ги откажуваат летовите до и од Израел, поради интензивните борби меѓу израелските сили и Хамас, пишува Си-ен-ен.
Американ ерлајнс ги откажа сите летови до и од Тел Авив до петок, откако синдикатот што ги претставува пилотите на авиокомпаниите издаде остро предупредување за опасностите за воздушниот простор и ги советуваше екипажите да одбијат каква било задача во земјата.
По потреба ќе се направат дополнителни корекции, се вели во соопштението.
Норвешка ер ги откажа сите летови од Копенхаген и Стокхолм до Тел Авив до недела. Во соопштението се вели дека директно ќе контактира со засегнатите патници и работи на изнаоѓање решение за патниците кои моментално се во Израел.
Кореан ер, единствената јужнокорејска авиокомпанија која оперира директни летови меѓу Инчеон и Тел Авив, го откажа летот во понеделникот – но рече дека ќе изврши повратен лет од Тел Авив до Инчеон за да ги врати луѓето дома.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мерц повика на единство на владејачката коалиција…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска повика на…
Бразил пред тесен изборен финиш: Болсонаро со…
Бразил во недела, на 25 октомври, избира…
Вашингтон барал од Маск да го вклучува…
Администрациите на Џо Бајден и Доналд Трамп…
Хутите тврдат дека извршиле голем напад врз…
Јеменските Хути соопштија дека извршиле широка операција…
Филипче: Поддршка за студентите, Србија заслужува промена
Венко Филипче им посака успех на студентите…