Светските берзи најавуваат поскапување на храната
Глобалните цени на храната повторно бележат раст поради сушите и проблемите со транспортот преку Црното Море, што наесен ќе го прекине периодот на ценовно смирување во Македонија. Според најновата анализа на „Oxford Economics“, цените на храната во светот ќе пораснат за 11,8 проценти во 2026 година, при што најголем притисок се очекува кај житарките, свежиот зеленчук и млечните производи.
Индексот на цените на храната на ФАО во јули забележа месечен раст од 0,6 проценти, но главниот аларм доаѓа од житарките чиј индекс скокна за 3,4 проценти за само еден месец. Светската цена на пченицата забележа скок од 5,8 проценти, а аналитичарите очекуваат таа да биде за околу 36 проценти повисока во третиот квартал во споредба со истиот период лани.
Главните причини за новиот ценовен бран се топлотните бранови што ги намалија приносите кај големите производители, зголемените цени на ѓубривата и горивата, како и обновените прекини во поморскиот извоз. Европското здружение „Coceral“ ја намали прогнозата за жетвата на жито во ЕУ и Велика Британија на 286,6 милиони тони, што е значителен пад во однос на ланските 310 милиони тони.
За разлика од развиените европски земји, секое поскапување на основните намирници во Македонија има директен и силен удар врз животниот стандард. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека трошоците за храна и пијалаци зафаќаат 50,1 процент од вкупниот семеен буџет.
Дополнителен притисок врз пазарот создаваат и зголемените трошоци за производство во домашното земјоделство. Во јули трошоците за репроматеријали и инпути кај македонските земјоделци биле за 4,1 процент повисоки, додека откупните цени паднале за 5,5 проценти, оставајќи минимален простор земјоделците сами да ги апсорбираат идните поскапувања на горивата и енергијата.
Македонија има одредена заштита кај пченицата поради минатогодишната рекордна жетва од над 300.000 тони, која според Министерството за земјоделство ги покрива домашните потреби. Сепак, прехранбената индустрија и мелниците се директно врзани за трошоците за струја, увозни суровини, амбалажа и транспорт, поради што целосна изолација од берзите не е возможна.
Ефектот од глобалните берзи нема да се прелее одеднаш, туку во два одделни брана:
Октомври – ноември 2026: Прв бран на поскапувања кај свежото овошје и зеленчук, за кои се потребни два до три месеци од берзанскиот шок до рафтовите;
Февруари – мај 2027: Втор бран што ќе ги зафати преработените производи, лебот, тестенините и млечните производи по трошењето на постојните залихи и истекот на набавните договори.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За што навистина ја гонат Ива Михајлова:…
Еден загинат, тројца повредени, директен судир на…
Нетанјаху бара нови удари врз Иран пред…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во изминатите две…
Србија го сруши рекордот: Резервите на злато…
Резеврите на злато, кои се дел од…
Трамп: Премногу далеку отидовме со нападите, веќе…
Американскиот претседател Доналд Трамп, изјави дека Вашингтон…
Американски конгресмен предупредува: Русија или Кина би…
Американскиот конгресмен Ерик Бурлисон предупреди дека САД…