Свештеник во САД наредил убиство на момчето на неговата ќерка, на убијците им платил 40.000 долари
Полицијата во САД уапси двајца мажи за обид за убиство. Еден од нив е свештеникот од Викторвил, Самуел Пасиљас (47), кој наредил убиство на момчето на неговата ќерка.
Пасиљас, наводно, им платил на убијците речиси 40.000 долари и им дал информации каде да ја најдат жртвата.
55-годишниот Хуан Мануел Себрерос и уште еден маж го следеле младиот човек со недели, а потоа на 21 октомври го застрелале повеќепати додека бил во возило.
Младиот човек, кој не е именуван, успеал да остане свесен откако се повредил и сам се превезол во болница. Тој го преживеа нападот и сега се опоравува од повредите.
Пасиљас е свештеник на мала црква во која се одржуваат миси на шпански. Тој беше уапсен минатата недела под сомнение за поттикнување убиство, заговор за убиство, обид за убиство и напад со смртоносно оружје. Тој се изјасни за невин по сите обвиненија, пишува Лос Анџелес Тајмс.
Себрерос беше уапсен поради заговор за убиство, обид за убиство и напад со смртоносно оружје. Полицијата се уште не уапсила трето лице поврзано со случајот.
Засега не се знае точно колку лица учествувале во планирањето на убиството. Полициската истрага продолжува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Трамп му се обрати на светот:…
Целосен текст од говорот на американскиот претседател…
Иран официјално ги потврди нападите врз три…
Иранските власти потврдија дека три нуклеарни објекти…
Денеска се празнува Свети Кирил, архиепископ Александриски
По потекло благородник и близок роднина на…
Метео: Видете какво ќе биде времето денес
Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе…
Америка го бомбардираше Иран, објави Трамп
Американскиот претседател Доналд Трамп рано утринава, во…