Објавено на:

Свирепо убиство: Македонец ја убил својата девојка во Србија

t

Саманта Вучковиќ (31) која на почетокот на април беше пронајдена мртва во нејзиниот изнајмен стан во Власотинце, сепак била убиена, покажа истрагата, јавуваат српските медиуми.

Како што дознава српски „Курир“, полицијата за ова дело го сомничи момчето на Саманта Д.Р., македонски државјанин, кој веднаш по злосторството избегал од Србија.
Tелото на несреќната Саманта газдарицата го пронашла во кревет покриено со ќебе. Нејзиното момче Д.Р. со кого живеела таму, исчезнал пред тоа.
-До Вишото јавно обвинителство Лесковац е поднесена кривична пријава против Д.Р., државјанин на Република Северна Македонија, поради сомнение дека свирепо ја убил Вучковиќ Саманта и на тој начин сторил кривично дело тешко убиство, а кој во моментот на поднесување на кривичната пријава не бил на територијата на Република Србија – изјавија за Курир во Вишото јавно обвинителство во Лесковац.
– Имајќи предвид дека се работи за странски државјанин, а постапувајќи согласно Законот за меѓународна правна помош во кривичната материја и Договорот меѓу Република Србија и Република Северна Македонија, испратено е барање до Министерството за правда на Република Северна Македонија да го преземе кривичното гонење, велат од ова обвинителство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се огласи Албанецот осомничен за убиството на…

Артан Хајризи негираше дека е вмешан во…

Погребан матичниот лекар Ацо Трпковски, нема осомничени…

67 годишниот Ацо Трпковски – матичен лекар…

УБИЕНОТО ДЕТЕ ВО ПРИЛЕП ИМА САМО 14…

Момче на 14 годишна возраст синоќа околу…

Српската полиција на нозе, се контролираат сите…

Веста за бруталното убиство на Вања не…

Издадена меѓународна потерница за Љупчо Палевски, осомничен…

Министерството за внатрешни работи издаде меѓународна потерница…