Свиња убила касап во кланица

t

Касап во Хонг Конг загина при обид да убие свиња, извести локалната полиција, пишува Си-Ен-Ен.

Месарот (61), кој работел во кланицата Шеунг Шуи на северот од градот, пукал во свињата со електричен пиштол.

Животното требало да се онесвести, но наеднаш ги отворило очите, станало и го соборило месарот, кој на крајот добил смртоносна повреда.

Доживеа фатална повреда

Свиња го соборила на под во кланицата, а тој се повредил со нож за месо. Се здобил со рана длабока 15 сантиметри.

Колега кој го пронашол месарот во несвест и со нож за месо во раката рекол дека 61-годишникот се здобил со повреда во пределот на ногата. Од здобиените повреди тој починал во болница.

Истрагата е во тек.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД подготвуваат нови царини за најмалку 14…

САД се подготвуваат да објават нови царини…

Во Собранието продолжува надзорната расправа за Алта…

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска…

ЕУ планира да вложи до 50 милијарди…

Европската Унија планира да вложи до 50…

Советник на Белата куќа го обвини Нетанјаху…

Високиот советник во Белата куќа, Џош Гринбаум,…

ЦИА била цел на хакерски напад

ЦИА и Канцеларијата на директорот на националното…