Објавено на:

Свлечиште кај Мостар однесе три автомобили во езеротo

t

Вчера околу 18 часот и 30 минути во каменоломот на мостарската компанија ХП Инвестинг д.о., во населбата Бијела кај Мостар настанало свлечиште кое предизвикало три автомобили да паднат во езерото, потврдија за Бљесак.инфо од МВР на БиХ. „Во езерото се гледаат два автомобили, а третиот се претпоставува дека е или на дното на езерото или под одронот“, изјави за споменатиот портал портпаролот на МВР ХНЖ Људевит Мариќ.

Прво беше објавено дека едно лице завршило во болница, а денеска босанските медиуми јавуваат дека две лица се повредени. Според информациите од Сојузната управа за цивилна заштита, свлечиштето било предизвикано синоќа во раните вечерни часови, околу 18 часот и 30 минути, кога поради минирање на каменолом во реката завршила поголема количина камен.

„При падот поголема количина карпи ги затрупа автомобилите кои беа на патот, два автомобили завршија во реката, додека по еден автомобил се трага, бидејќи не се знае дали е под одронот или во вода. За среќа, автомобилите се во сопственост на планинари кои не биле во нив во моментот на несреќата. Според досегашните информации, нема човечки жртви“, соопшти ФУЦЗ.

Две лица се повредени, од кои едното се наоѓало во чамец кој се превртел кога одронот паднал во реката, при што дошло до покачување на нивото на водата и голем бран. Во моментот на несреќата на брегот се наоѓало уште едно повредено лице. На двете лица им е укажана лекарска помош, се наведува. Полицијата го обезбедува местото на несреќата, истрагата била прекината во текот на ноќта и продолжила во раните утрински часови, пишува Радио Сараево.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Свлечиште кај Мостар однесе три автомобили во…

Вчера околу 18 часот и 30 минути…

(Видео) Свлечиште проголта автомобили, се трага по…

Сликите на социјалните мрежи го покажуваат моментот…

Силниот земјотрес предизвика материјална штета во Мостар,…

Земјотрес имаше денеска во Мостар во Босна…

Свлечиште и голем одрон на патот Свети…

На патниот правец А2 Свети Николе –…