СВР Тетово: За 6 месеци 80 кривични пријави за дрога и оружје во полошкиот регион

t

Само во полошкиот регион за само шест месеци се поднесени 59 кривични пријави против 80 лица, јави ТВ21.

Од Секторот за внатрешни работи Тетово велат дека во овој период се поднесени 98 барања за поведување на постапка за прекршоци против 130 лица кај кои се пронајдени и одземени кокаин, марихуана и хероин.

Покрај наркотици, имало и извештаи за оружје и експлозивни направи.

За ова во последните 6 месеци СПБ-Тетово поднесе 7 кривични пријави против 10 сторители поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Последниот случај беше оној од минатата недела, каде при контрола во куќата на 29-годишен маж во гостиварско Дебреш, покрај значителното количество готови лекови, биле засадени корени од канабис што тој го одгледувал…

Тетовската полиција изминатите денови е во потрага по распрскувачки материјали за огномет.

Портпаролот на СВР на Тетово вели дека продавачите или корисниците во зависност од штетата може да бидат казнети и до три години затвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Светот стравува од второ енергетско тесно грло…

Додека светот со месеци го следи Ормутскиот…

Нов фронт на Блискиот Исток – Саудиска…

Регионалната војна на Блискиот Исток добива уште…

(Видео) Европа создава историја без Трамп –…

Со овации по секоја искажана реченица кажани…

Дизелот соборува рекорди, експертите предупредуваат на можни…

Цените на горивата во Западна Европа продолжуваат…

Јапонија пред каматна стапка невидена три децении…

Една од најнеобичните епохи во светската монетарна…