СВР Тетово: Пронајдена и одземена марихуана – лишени од слобода повеќе лица
На 04.09.2026 во периодот од 19:20 до 20:45 часот, во с. Галичник на местото викано „Стопанче“, полициски службеници од ОВР Гостивар и ПО Маврово, во рамки на оперативна акција, лишија од слобода пет лица, А.Ј. (32), М.М. (38), К.С. (45) и В.В. (44) од Скопје, како и Р.Т. (38) од Куманово. При претрес во шаторите каде престојувале лицата, пронајдени и одземени се повеќе пакувања со марихуана, бела прашкаста и грутчеста материја, халуциногени печурки и таблети. Лицата се задржани во ПС Гостивар за понатамошна постапка и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
…….
На 04.09.2026 во 18:15 часот, на ул. „Борис Кидрич“ во Тетово, полициски службеници лишија од слобода 17 годишен малолетник од с. Копачиндол. При преглед кај него е пронајдена и одземена марихуана. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
……
На 04.09.2026 во 21:00 часот, во с. Камењане, полициски службеници од ПО Камењане го лишија од слобода Ф.Е.(28) од истото село, кај кого при преглед е пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
15-годишно момче донесено во болница без знаци…
15-годишно момче од Гостивар било донесено во…
Возач на тротинет удри во пензионерка во…
МВР информира дека завчера попладне околу 14:00…
Кривична за двајца вработени во Брза помош…
СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.В.(35)…
Повозрасен маж во автобус во Скопје допирал…
МВР информира дека синоќа во 21:40 часот…
Трактор излета од пат во Пехчево, загина…
Вчера во 21:30 часот во ОВР Берово…