СВ. АРХАНГЕЛ ГАВРИЛ: Денеска е празник на големиот Господов гласник, се слават и чествуваат чудата на големиот Божји Архангел
Денеска е 13 јули (по стар стил) и се слави Собор на светиот Архангел Гаврил.
Овој голем Божји Архангел се празнува на 26 март. На денешен ден пак, се слават и чествуваат неговите чуда и јавувања низ целата историја на човечкото спасение.
Се смета дека оваа слава е востановена најпрво на Света Гора во 9 век, за време на царевите Василиј и Константин Порфирородните и на патријархот Никола Хрисоверг, а по повод јавувањето на овој Архангел во една ќелија близу до Кареја, каде што со прст на камен ја испиша песната кон Пресвета Богородица „Достојно ест“. Заради овој настан таа ќелија и денес се нарекува ќелијата „Достојно ест“.
Во оваа прилика се приспомнуваат и останатите јавувања на Архангелот Гаврил: кога му се јави на Мојсеја кој во свое време го чуваше стадото Јоторово, а нему Архангелот како на Божји избраник му соопшти како е создаден светот, кое Мојсеј подоцна и го запиша во Книгата Битие; кога му се јави на пророкот Даниил и му ја објави тајната за идните царства и за доаѓањето на Спасителот; јавувањето на света Ана кога ѝ благовестеше со ветувањето дека ќе ја роди преблагословената и Пречиста Дева Марија; многукратното јавување на Пресветата Дева додека Таа пребиваше во храмот ерусалимски.
Кога му се јави на првосвештеникот Захарија и го извести за раѓањето на свети Јован Претеча и за казната на немост што ќе го постигне свети Захарија затоа што не им поверува на зборовите на Архангелот; кога повторно ѝ се јави на Пресветата Дева во Назарет и ѝ благовестеше за зачнувањето и раѓањето на Господ Исус Христос; јавувањето на праведниот Јосиф; јавувањето на пастирите кај Витлеем; Му се јави и на Самиот Господ во Гетсиманската градина, кога Господ како човек беше поткрепуван од овој Архангел пред страдањето; кога им се јави на жените Мироносици итн.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Легендарниот кошаркар Бодирога влегува во српскиот парламент
Легендарниот кошаркар и поранешен репрезентативец на СФР…
Тепачка во казино во Струга
На 25.10.2026 во 15:25 часот во ОВР…
АХВ заплени и уништи 470 килограми месни…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), минатата…
И Македонија ќе треба да излезе од…
Русија ќе се обиде да ја искористи…
Радев со застрашувачки изјави: Во вториот круг…
Изборите се многу тревожен сигнал за целото…