СВ. ДИОНИСИЈ АРЕОПАГИТ: Кога апостолот Павле го проповедаше Евангелието во Атина, Дионисиј се крсти со целиот свој дом

t

Денеска е 3 октомври по стар стил и се слави Св. свештеномаченик Дионисиј Ареопагит.

Се вбројува во Седумдесетте апостоли. Овој прекрасен маж беше од угледно нензабожечко семејство од Атина.

Откако заврши фиолсофска школа во Атина, отиде во Египет за да учи уште. Во тоа време, еден ден на Крстот издивна Господ Исус Христос и сонцето се помрачи и во Египет беше темно три часа. Тогаш Дионисиј возвикна: „Или Бог, Создателот на светот страда или овој свет завршува.“ Кога се врати во Атина се ожени со Дамара и со неа имаше синови. Беше член на највисокиот суд кај Грците, наречен Ареопаг, заради што и го доби називот Ареопагит.

Кога апостолот Павле го проповедаше Евангелието во Атина, Дионисиј со целиот свој дом се крсти. Од Павле беше посветен за епископ Атински, бидејќи ги остави жената и децата и положбата во општеството заради љубовта Христова. Доволно долго патуваше со Павле и ги запозна останатите Христови апостоли. Отиде во Ерусалим со цел да ја види Пресвета Богородица и средбата со неа ја опиша во едно од своите дела.

Беше и на погребот на Пречистата заедно со другите апостоли. Кога неговиот учител, светиот апостол Павле, пострада маченички, Дионисиј посака и за себе таква смрт. И отиде да го проповеда Евангелието меѓу варварите во Галија, заедно со презвитерот Рустик и ѓаконот Елефтериј. Многу претрпе, но и многу успеа. За неговиот труд многумина незнабошци се обратија кон верата Христова.

Во Париз, Дионисиј изгради малечка црква во којашто Му служеше служба на Бога. Кога имаше деведесет години, го фатија и го мачеа за Христа, заедно со Рустик и Елефтериј, сè додека најпосле не ги убија со меч сите тројца. Отсечената глава на свети Дионисиј отскокна на големо растојание и падна пред една христијанка Катула, којашто заедно со неа чесно го погреба и телото.

Тој пострада во времето на Дометијан во 96 година. Напиша значајни дела: за таинственото богословие, за небесната и црковната хиерархија, за Пресвета Богородица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фарс: Трамп бил вклучен во план за…

Иранската новинска агенција Фарс објави дека американскиот…

Хакери упаднале во погонскиот систем на огромен…

Американските власти откриле дека хакери успеале да…

Да не го мислите тука е: Ким…

Северна Кореја утрово истрела засега неидентификуван проектил…

Трамп: САД нема да го забранат извозот…

Американскиот претседател изјави дека Вашингтон никогаш ниту…

Двајца Иранци обвинети за подготовка на терористички…

Британските власти обвинија двајца ирански државјани за…