СДСМ: Ако имаат докази нека ги достават до Антикорупциска – ВМРО-ДПМНЕ за криминал да си погледне прво во своите редови

t

Од СДСМ реагираат на денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ во која пратеникот Бране Петрушевски ја открива аферата “Тајни имоти”.

Станува збор за непријавени имоти на функционери на СДСМ и ДУИ во вреднот од 30 милиони евра.

-Белиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ е синоним за криминал и незаконски стекнат имот врз грбот на граѓаните. Со судска пресуда за Талир 2 е докажано Белиот дворец вреден околу 7 милиони евра е незаконски, криминално стекнат, врз грбот на граѓаните, односно со пари украдени од граѓаните. ВМРО-ДППМНЕ ги крадела граѓаните, трупала имот, луксуз и пари на незаконски, криминален начин, додека граѓаните тонеа во сиромаштија и долгови. илионски суми на пари биле злоупотребени. Деталниот урбанистички план три пати е менуван за ВМРО-ДПМНЕ да добие 12.000 квадратни метри за седиштето, а на местото на станбена зграда, да никне хотел. Криминалната шема за Белиот дворец е драстична, безобразна, епска, реагираат од СДСМ.

„Кога зборува за имоти, ВМРО-ДПМНЕ прво нека си погледне во своите редови и својот дворец.
Со кој пријавен имот и на каков начин Никола Груевски живее во Будимпешта?“, прашуваат од СДСМ.

-Доколку ВМРО-ДПМНЕ навистина поседува некакви информации за функционери кои не пријавиле имот и сториле некаков прекршок, тие треба да ги достават до надлежната институција а тоа е ДКСК, за понатамошно постапување, реагираат од партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мургашанска од СДСМ: Димитриевски ме тужи затоа…

Откако му ги откривме сите скандали на…

СДСМ: Мицкоски да каже за парите од…

Кога наместо да деде одговор на конкретно…

СДСМ го осудува насилството и сценаријата на…

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија најостро го осудува…

Филипче: Скопје е затрупано со ѓубре, Мицкоски…

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, се обрати…

Костадинов до ДПМНЕ: ВМРО не е ваша…

Не е проблем што ВМРО-ДПМНЕ не разбираат…