СДСМ: Ако помине помине, Владата повторно под притисок на СДСМ повлекува кадри
Неверојатно е на што е спремна Владата на Мицкоски да постави неквалификувани кадри. Мицкоски е решен по секоја цена да си постави блиски луѓе па откако ќе сфати дека не поминуваат во јавноста, ги повлекува, велат од опозициската СДСМ.
– Благодарение на притисокот на СДСМ и јавноста, уште еден таков кадар Афрона Вервизоли, ќе биде повлечен. Но, очигледно Мицкоски нема да се откаже од овој начин на именување кадри.
За него и ВМРО-ДПМНЕ број еден приоиртет е послушноста и партиската припадност, а квалификациите изгледа се на последно место. Токму оваа политика ги обесхрабрува граѓаните и професионалците кои ја губат довербата во институциите и бараат работа надвор од државата. Не е ни чудно што Владата е катастрофа, со ваква кадровска политика не може повеќе да се очекува.
ВМРО-ДПМНЕ е партија која смета дека институциите се место за вдомување на партиски кадри. Тие никогаш не научија дека пред се тие луѓе треба да им служат на граѓаните. – соопштија од СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Ако помине помине, Владата повторно под…
Неверојатно е на што е спремна Владата…
СДСМ: Неквалификувани ревизори и насилници поставени од…
Не запираат скандалозните назначувања на неквалификувани и…
Доколку не сака да заврши како СДСМ,…
Доколку не сака да заврши како СДСМ,…
(Видео) СДСМ: Учениците граматика ќе учеле од…
ДПМНЕ и министерката Јаневска по само два…
СДСМ: Мицкоски коленичи пред Гаши, ова е…
Малку требаше за Мицкоски да си ги…