СДСМ: Апсурд, ВМРО-ДПМНЕ донесе мерки кои во опозиција ги критикуваше
– Откако осум месеци Мицкоски беше соучесник во општонардоната кражба на граѓаните од страна на трговците и не направи ништо за тоа, сега под притисок на јавноста донесе мерки кои како прв опозиционер жестоко ги критикуваше. Со носење на мерки за замрзнување на маржите, Мицкоски конечно реши да ги признае сите економски политики и мерки на СДСМ за зауздување на цените.
За жал, се ова е многу доцна и милиони евра веќе се буквално украдени од граѓаните. таа кражба беше овозможена токму од Мицкоски и сега е доцна да ги признава сопствените порази.
„Мерките на Владата, како замрзнување на цените и ограничување на трговските маржи – не даваат ефект затоа што не нудат целосен одговор на состојбата“, пишуваше ВМРО-ДПМНЕ на 10.3.2022 година. Лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ не е новина во политиката, тие се по тоа познати, но свесното осиромашување на граѓаните цели осум месеци е грев.
СДСМ со месеци апелираше и нудеше решенија. За жал и оваа мерка која Мицкоски ја ископира од СДСМ е парцијална и нема да даде целосно резултат. Ако се земе предвид дека платите не растат, дека цените веќе се дозволи да се качат превисоко ова нема да биде ниту благо санирање на огрмните штети по семејните буџети на македонските семејства, се вели во соопштението на СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Савески да постапи по кривичните пријави од…
Поминаа повеќе од пет недели од здравствената…
СДСМ побара анализи за водата во Гостивар,…
Откако СДСМ побара да се објават анализите…
ВМРО-ДПМНЕ: За две години просечната плата е…
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ води одговорни економски…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС денес повторно се обиде да…
СДС денес повторно се обиде да произведе…
Манасиевски: Филипче на одмор кај Заев во…
Венко Филипче, преостанатиот талог од СДС, со…