СДСМ бара Антикорупциска да истражи дали Невена Стаменковска Стојковски може да зема две плати од Општина Гази Баба

t

СДСМ бараат од ДКСК да го истражат случајот во општина Гази Баба каде Невена Стаменковска Стојковски земала две плати од општината.

– Секретарот на општина Гази Баба, Невенка Стаменковска Стојковски вчера призна дека имала потпишано договор за дело со општината каде е вработена.

За тој договор Стаменковска како давател на услуги добивала хонорар од исто место од каде добива плата.

По ваквото признание на ред се да постапат надлежните институции. Ја повикуваме Државната комисија за спречување корупција да постапи и да го истражи овој случај.

Ова, почитувани, е уште една потврда дека во ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промена, дека оваа партија освен за грабање на парите на граѓаните, не знае ништо друго, велат од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Првоодделенска грешка на транспарент на СДСМ: Македонија…

СДСМ денес објави транспарент на кој пишува…

ВМРО-ДПМНЕ: Добро е што Кузеска признава дека…

ВМРО-ДПМНЕ реагира на прес-конференцијата на Богданка Кузеска,…

Итна оставка од Филипче, вонреден конгрес и…

Итна оставка од Филипче, вонреден конгрес и…

Манасиевски: Го повикуваме ЈО да постапи по…

Венко Филипче на вчерашната прес-конференција откри и…

„Разговори за иднината во 12:05“ со реакција…

Организаторите на платформата „Разговори за иднината во…