СДСМ бара лидерска средба, Мицкоски ќе размисли

t

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија бара да се свика лидерска средба на парламентарните политички партии по инцидентите што се случија на прославите на Денот на албанското знаме.

-Како партија која секогаш го ставала интересот на граѓаните и стабилноста на државата на прво место, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија предлага итно одржување на лидерска средба на лидерите на сите парламентарни политички партии. Ова е обврска што ја имаме кон граѓаните – обврска да покажеме дека сме подготвени заеднички да се справиме со сите предизвици и да ја зачуваме нашата држава стабилна и мирна – рече Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ.

Премиерот Христијан Мицкоски на новинарско прашање дали би го прифатил барањето на опозицијата, рече дека ќе размисли.

-Не сум размислував, ако има аргументи во таа насока ќе размислам деновиве што следат. Иако во моментов не гледам причина за такво нешто објективно, рече Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ бара лидерска средба, Мицкоски ќе размисли

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија бара да се…

СДСМ: Бегање од одговорност и кукавички обид…

Лажните обвинувања на ВМРО-ДПМНЕ дека СДСМ стои…

СДСМ: Среде Скопје се случи вооружен грабеж,…

Како во лош криминален филм среде Скопје…

(Видео) Костовски: Итна оставка од Тошковски, разрешување…

Тошковски наместо одговорност и разрешување на директорот…

(Видео) СДСМ: Власта одби уште еден амандман…

Парламентарното мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ одби уште…