СДСМ бара лидерска средба со сите парламентарни партии
Македонското општество се наоѓа пред важен тест на зрелост и одговорност.
Настаните од изминатите денови кога се случија сериозни инциденти, со палење на државното знаме, пукање со оружје и поткопување на меѓуетничките односи сериозно ги вознемирија граѓаните, удрија по темелите на соживотот, безбедноста и сигурноста.
Времето бара одговорност, а ние сме подготвени да ја покажеме.
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија повикува на итно одржување на лидерска средба со сите парламентарни партии.
Потребно е заедничко делување на сите релевантни политички чинители, политичарите да покажат зрелост во овие моменти и заеднички да помогнат за стабилноста на државата.
Граѓаните треба да ја видат сликата на заедништво – сликата на лидери кои се подготвени да седнат на иста маса, да разговараат и заеднички да се справат со сите предизвици.
Само на овој начин може да се испрати јасна порака: Македонија е и ќе остане држава на мирот, соживотот и почитувањето на различностите.
СДСМ ги повикува сите граѓани на смиреност и воздржаност. Да ги зачуваме меѓусебните односи и да продолжиме да градиме општество на доверба и разбирање.
Од сите нас зависи стабилноста и иднината на нашата заедничка татковина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Филипче нема допирна точка со Крмзов,…
Со денови од белата палата на ВМРО-ДПМНЕ…
СДСМ: Јавното обвинителство со денешната прес-конференција се…
Со денешната прес-конференција, Јавното обвинителство уште еднаш…
СДСМ: Мицкоски повторно промовираше наши проекти, овој…
Проектот за реконструкција на патниот правец во…
СДСМ: Расипничка власт, 3 милиони евра за…
Уште една епизода на расипништво, аздисано трошење…
СДСМ му одговори на Мицкоски: Еве зошто…
Соопштение за јавност СДСМ: Мицкоски праша, еве…