СДСМ бара лидерска средба со сите парламентарни партии
Македонското општество се наоѓа пред важен тест на зрелост и одговорност.
Настаните од изминатите денови кога се случија сериозни инциденти, со палење на државното знаме, пукање со оружје и поткопување на меѓуетничките односи сериозно ги вознемирија граѓаните, удрија по темелите на соживотот, безбедноста и сигурноста.
Времето бара одговорност, а ние сме подготвени да ја покажеме.
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија повикува на итно одржување на лидерска средба со сите парламентарни партии.
Потребно е заедничко делување на сите релевантни политички чинители, политичарите да покажат зрелост во овие моменти и заеднички да помогнат за стабилноста на државата.
Граѓаните треба да ја видат сликата на заедништво – сликата на лидери кои се подготвени да седнат на иста маса, да разговараат и заеднички да се справат со сите предизвици.
Само на овој начин може да се испрати јасна порака: Македонија е и ќе остане држава на мирот, соживотот и почитувањето на различностите.
СДСМ ги повикува сите граѓани на смиреност и воздржаност. Да ги зачуваме меѓусебните односи и да продолжиме да градиме општество на доверба и разбирање.
Од сите нас зависи стабилноста и иднината на нашата заедничка татковина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дали Филипче со хајката против „Алта банка“…
Разоткриен е вистинскиот мотив зад долгомесечната кампања…
„СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард…
ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ за двојни стандарди…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС мајстори за загрозување на банкарскиот…
СДС се познати по пропаѓањето на банки…
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев соработуваа со луѓе…
Венко Филипче и Зоран Заев, по нивниот…
Петров: Изборот на Филипче за претседател на…
Поранешниот член на СДСМ, Андреј Петров, во…