СДСМ: Брука и срамота, компанија која веќе работи 16 години во Македонија за Мицкоски е нова инвестиција

t

Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат бесрамно да ја манипулираат јавноста со наводни нови инвестиции, но овој пат со потег кој е целосно потценување на интелегенција на граѓаните, реагираат од СДСМ.

Оттаму истакнуваат дека „наводно новата инвестиција на Мицкоски е компанија која 16 години веќе работи во Македонија“.

„Станува збор за барање на компанијата Вабтек за проширување на операциите во државата. За ова нивно барање се водеше постапка одамна во рамки на институциите кај нас при што заради негативно мислење на Комисијата за заштита на конкуренција тоа не се реализираше. Во рамки на овој процес имаше и судска постапка.

ВМРО-ДПМНЕ изгледа смешно и наивно со своите промоции. Во отсуство на реална и сериозна дипломатска агенда на Самитот на НАТО, Мицкоски ја замајува јавноста со лажни ПР промоции. И кога веќе е решен да манипулира, го повикуваме исто така да ги објави условите под кои ќе го проширува производството компанијата Вабтек и што точно е договорено со компанијата“, се наведува во соопштението од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Прекин во услугите на „Епл“: Корисници пријавуваат…

Корисници на „Епл“ на 17 ноември пријавија…

(Фото) СДСМ доживеа дебакл на протестот во…

Најавата на СДСМ за протест во Охрид…

МВР: Од 15 ноември до 15 март…

Од 15 ноември почна законската обврска за…

Бајден за потегот што го загрижи Кремљ:…

Поранешниот американски претседател во книгата „Ветувај ми,…

Тежок удар врз Кримскиот мост: Аналитичар проценува…

Автомобилскиот дел од Кримскиот мост би можел…