СДСМ ветува плус 200 евра за секое прво вработување на младите
СДСМ во неделата ја претстави својата партиска програма со проекти и мерки во пресрет на претстојните парламентарни избори. Од партијата велат дека во фокусот на програмата е унапредувањето на животниот стандард на сите граѓаните, пред се поддршката за младите.
-Новата влада на СДСМ ќе обезбеди по 200 евра месечно во првите 12 месеци за секое прво вработување на лица до 26 години, порачуваат од „Бихаќка“, додавајќи дека со СДСМ нема откажување од европскиот пат.
-СДСМ посветено ќе работи на завршување на преговорите со ЕУ до 2028 година и членство во унијата до 2030 година, стои во партиското соопштение објавено утрово.
Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, со „Платформата 1198“ се обврзуваат на 55 илјади нови работни места, намалување на невработеноста до 7,5 проценти и годишен раст на економијата од 5 проценти.
-5.000 денари повисоки пензии во првата година, поддршка на младите и семејствата, 6 бесплатни ин витро интервенции за идните родилки, по 50 милиони евра за спортот и културата и 800 милиони евра за земјоделството, ветува ВМРО-ДПМНЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче до Гир: Се сомневам во намерите…
Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче,…
СДСМ: Гаши да одговора!
Откако не успеаја да го скријат скандалот…
СДСМ: И во наше време Османи сакаше…
Најголемата опозициска партија СДСМ упати низа обвинувања…
СДСМ до Мицкоски: Aко имаш докази објави…
„Откако дојде на власт, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ…
Филипче: МВР да истражи што се случило…
Недозволиво е за една ваква сериозна работа…