СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го блокираше проектот за нов Клинички центар
Со години ВМРО-ДПМНЕ спроведуваше блокади и опструкции на проектот за изградба на модерен Клинички центар – инициран од Владата предводена од СДСМ, реагираат од опозициската партија.
– Иако имаа можност да учествуваат, да го водат процесот како опозиција и целосно да го контролираат решија да го блокираат проектот наместо да допринесат.
СДСМ предложи концепт и подготви проект кој ќе ја обезбеди целосната здравствена услуга на едно место – како што имаат сите современи европски држави. Но ВМРО-ДПМНЕ го сруши тој концепт.
Нов Клинички центар за граѓаните нема само поради блокадите на ВМРО-ДПМНЕ, а во мандатот на оваа власт исто така нема да се изгради.
Иако ВМРО-ДПМНЕ ветуваше изградба на нов Клинички центар ги излажа граѓаните. Сите ветувања, гласни изјави и прес-конференции од белата палата се само празен театар за јавноста.
Сега се најавува некакво проширување на болницата „8 Септември“ но тоа не е замена за вистински, интегриран Клинички центар. Тоа е импровизација без ефект. Наместо европски модел на здравство, граѓаните добиваат систем што се распаѓа – расцепкан, нефункционален и без основни услови за лекување.
Неспособноста на власта го уништува македонското здравство. Нема лекови со месеци, умираат пациенти, се зголемува смртноста, листите на чекање растат секој ден а нема да има ниту нов Клинички центар.
Со оваа власт здравството само дополнително ќе тоне. – велат од СДСМ во соопштение.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за…
Демократската унија за интеграција ја поздравува изјавата…
ВМРО-ДПМНЕ: Економијата забрзува со раст од 4,З…
Додека СДС очајува и ликува на неуспех,…
Дали има договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ…
„Да, бараме“ - вака потпретседателот на ДУИ,…
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги нарече граѓаните ИДИОТИ
СДС го проби дното и ги нарече…
Кузманоска: Од 1,6% економски раст во време…
Инвестициите скокнаа за 16,5 отсто, градежништвото расте…