СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го загуби мнозинството во Македонска Каменица, сменет претседателот на Советот
Тројцата независни и четворицата советници од СДСМ го смениле и претседателот на Советот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО – ДПМНЕ по една година од локалните избори го загуби мнозинството во Советот на Општина Македонска Каменица, соопштија од СДСМ.
Двете партии имаат по четири советници, а има и тројца независни советници кои во Советот влегоа од две независни листи.
Тројцата независни и четворицата од СДСМ, како што соопштија од партијата, го смениле и претседателот на Советот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
„СДСМ и храбри независни советници се ново мнозинство во советот на општина Македонска Каменица. Разрешен е досегашниот претседател од ВМРО – ДПМНЕ Љупчо Трајановски. Со 7 гласа за и 4 против за претседателка на Советот е избрана Анета Стојчевска. Ова се случува само една година по локалните избори на кои ВМРО-ДПМНЕ освои мнозинство во повеќето општини во државата“, велат од СДСМ.
Од партијата обвинуваат и дека локалните власти од ВМРО-ДПМНЕ не работат ништо и не ги реализираат ветувањата, ниту пак ги продолжуваат проектите од нивните претходници од СДСМ, а оние што ги продолжуваат ги присвојуваат како свои.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ИРАН СЕ ПОДГОТВУВА ЗА МОЖЕН АМЕРИКАНСКИ НУКЛЕАРЕН…
Иранските власти започнале со дистрибуција на таблети…
Избувнал пожар во паркирано возило на улицата…
На 6 ноември 2026 година, во 04:30…
Муцунски: Дијалогот што го водиме со Софија…
Дијалогот што во моментов се води околу…
ГОЛЕМ САЈБЕРНАПАД ВРЗ ФРАНЦУСКА БАНКА: Исчезнале 100…
Француската банкарска групација „Креди Мутуел Аркеа“ (Crédit…
Мицкоски: Да не правеше СДСМ егзибиции уставните…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува следната година Македонија…