СДСМ: Во услови на најголема криза Ковачевски се грижи за граѓаните
Владата предводена од претседателот на СДСМ и Димитар Ковачевски, во услови на најголемата светска економска и енергетска криза продолжува со грижата за граѓаните и компаниите, посочуваат од СДСМ.
Оттаму велат дека новиот пакет мерки им се овозможува на компаниите што произведуваат основни прехранбени производи, основните и средни јавни училишта, јавните претпријатија за водоснабдување и одведување на отпадни води да имаат поевтина струја.
-Со одлуката се опфатени компаниите што произведуваат основни прехранбени производи во кои спаѓаат производителите на масло за јадење, леб и пекарски производи, брашно, млеко и млечни производи, месната и живинарската индустрија.Ова ќе влијае врз стабилизирање и намалување на цените на финалните производи кои се произведуваат и се продаваат од овие компании. Се очекува мерките да доведат до намалување на цените на основните прехранбени производи за најмалку 10 отсто.Истовремено струјата ќе продолжи да се субвенционира со 80% за над 600.000 домаќинства и 72.000 мали потрошувачи фирми.Владата предводена ид СДСМ од почетокот на годината за антикризни мерки за граѓаните и за компаниите намени 750 милиони евра, односно околу пет отсто од БДП, што е најмногу како процент споредено со земјите од Западен Балкан, посочуваат од владејачката партија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека…
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку својот…
СДСМ: За врховистот Мицкоски, Македонија е кауза…
ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското…
ВМРО-ДПМНЕ денес слави четири години лаги со…
ВМРО-ДПМНЕ денес слави четири години лаги со…
Вистината за Кочани: ВМРО-ДПМНЕ да каже колку…
Речиси четири месеци Мицкоски и Тошковски ја…
СДСМ: Филипче нема допирна точка со Крмзов,…
Со денови од белата палата на ВМРО-ДПМНЕ…