СДСМ ги осуди заканите меѓу Мицкоски и Ахмети: Изборите не се за гурабии, ова е враќање назад 20 години
Претстојните избори се клучни за иднината на државата и на граѓаните.
Овие избори не се за бисквити и гурабии, туку за иднината.
Заканувачките тонови и пораки се враќање назад 20 години.
СДСМ гради едно општество за сите граѓани, со еднакви права, можности, но и одговорности.
Правата на сите заедници, вклучително и на албанската заедница во државата се запишани во Уставот и никој не може да ги одземе.
Надежите дека некое незадоволство може да се претвори во насилство се залудни.
Никој здраворазумен, нема да го дозволи тоа.
Меѓунационалното единство е сѐ уште кревко. Не може да се дозволи кој било да си игра со него.
Мнозинството граѓани се за европска иднина, не сакаат враќање назад 20 години или којзнае каде.
Блокадите на европскиот пат од страна на ДПМНЕ, не се без последици. Секоја блокада на европската иднина не е само стагнација, тоа е и враќање назад.
Овие избори се глас ЗА или ПРОТИВ европската иднина!
Граѓаните ќе изберат европска иднина со СДСМ, наместо враќање назад кон минатото со ДПМНЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: СДСМ нема да биде алиби за…
СДСМ нема да биде алиби на власта…
Мицкоски: Во секое време сме подготвени да…
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во вечерашното…
Мицкоски: Намерата на СДСМ за Гостивар не…
Премиерот Христијан Мицкоски го повика Обвинителството да…
СДСМ: Кога Мицкоски ќе појде во Гостивар…
Од СДСМ преку соопштение упатија критики кон…
Савески да постапи по кривичните пријави од…
Поминаа повеќе од пет недели од здравствената…