СДСМ го поздрави непотпишувањето на Указот за двојазични лиценци во градинките од претседателката Сиљановска

t

Претседателката н Годана Сиљановска Давкова не го поптишала Законот за заштита на децата со кој се предвидуваше воведување на двојазични лиценци во градинките. СДСМ го поздрави непотпишувањето на Указот од страна на претседателката на државата и од власта побараа да се повлече од намерите поради спорните одредби кои ги содржи.

СДСМ бара власта целосно да се откаже од измените на спорниот закон за Заштита на деца.

„Членот 9 и членот 10 од предлог Законот за измена којшто го предложи Владата значи воведување двојазични лиценци од областа на детската заштита. Спорно е што овој сегмент е регулиран со друг закон кој ја уредува употребата на јазиците, но и Уставот на државата.

Со предложените измени на Законот, власта ги враќа процесите назад со воведување можност за полагање за стекнување со лиценца во хартиена форма наместо во дигитална. Ова отвора можности за злоупотреби, партизација и сомнителни доделувања на лиценци по партиски клуч.

Освен што се спорни одредбите во овој Закон, спорна е и целата процедура којашто насила се туркаше во македонското собрание.

Предлог Законот од матичната Комисија за социјална политика, млади и демографија власта го префрли за расправа и дискусија во Комисијата за енергетика.

Претседателот на Собранието го прекрши Деловникот само за да ја заобиколи надлежната Комисија за социјална политика, којашто е блокирана поради неприфаќање на Законот за посебните права на бранителите.

Очигледно ДПМНЕ многу му должи на Вреди, но правниот поредок на државата не смее да биде загрозен само поради политичките дилови на владејачката коалиција“, се вели во соопштението на СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ја претепал поранешната партнерка: Кривична за 48-годишен…

Единицата за насилен криминал – Одделение за…

Трамп на комеморацијата во Пентагон за нападите…

Американскиот претседател Доналд Трамп, на комеморацијата во…

Порше ѝ го продаде својот удел во…

Германскиот производител на спортски автомобили „Порше“ ја…

Украина и Канада потпишаа Декларација за стогодишно…

Украина и Канада денеска потпишаа голем број…

Преживеана од Аушвиц бара забрана на АфД:…

Претседателката на Меѓународниот комитет за Аушвиц повика…