СДСМ: Депониите трујат, ВМРО ДПМНЕ е елементарна непогода за Скопје
„Скопје денеска се соочува со закана од екоцид поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ и нивните градоначалници. Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ им ветуваа на скопјани решавање на проблемот со депониите. Што добивме после 4 години? Елементарна непогода му се случува на Скопје со ВМРО-ДПМНЕ“, велат од СДСМ.
„Во Вардариште, секој ден гори канцерогено ѓубриште. Стотици илјади скопјани дишат отров, а Мицкоски и Орце Ѓорѓиевски бесрамно молчат и ништо не преземаат. Чадот од депониите е директна закана за здравјето на граѓаните и потврда за неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ. Ниту едно ветување за депонијата Вардариште не е исполнето. Ниту едно ветување за Дрисла не е исполнето. Наместо современ центар за управување со отпад, Дрисла повторно станува црна точка и извор на загадување за целиот град“, посочуваат од партијата и додаваат:
„Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се симбол за негрижа и уништување на Скопје. Наместо решенија, тие му донесоа на градот еколошка катастрофа“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фала на поддршката ама и вие и…
Српски студент како глас на српските стденти…
ВМРО-ДПМНЕ: Две недели Филипче молчи и не…
Венко Филипче пред две недели најавуваше анкети…
ВМРО-ДПМНЕ за 23 Октомври: Македонија е наследство…
ВМРО-ДПМНЕ упати честитка по повод 23 Октомври…
Платформата „12.05“: Филипче го жртвуваше Радески во…
Раководството на СДСМ се повеќе наликува на…
ВМРО-ДПМНЕ: Реформаторите на СДС го тролаат „лидерот“…
СДСМ со Венко Филипче се бетонира како…