СДСМ до Мицкоски: Aко имаш докази објави ги, престани да ловиш вештерки

t

„Откако дојде на власт, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ секојдневно ја замајуваат јавноста со некакви индиции за криминал од претходната Влада без да понудат никаков доказ или да поднесат некакво обвинение“ реагираат од опозициската СДСМ.

Од партијата велат „Мицкоски не може да разбере дека веќе не е во опозиција туку е на власт и ваквите обвинувања без никакви докази предизвикуваат потсмев во јавноста. Тој со празни обвинувања сака да лови вештерки и да ја прикрива неспособноста и скандалите кои не прекинуваат да ја газат неговата хаотична Влада“.

„На Мицкоски имаме да му порачаме само едно: Ако имате докази, изнесете ги. Фактите нека зборуваат сами за себе на суд и секој кој се огрешил нека одговара. Толку е едноставно. Дотогаш, вашата шуплива реторика служи само за да го одвлече вниманието од клучните прашања кои ги засегаат граѓаните. Теми и проблеми на кои вие потфрливте за само еден месец. Граѓаните заслужуваат влада која работи за нив, а вие потфрливте толку силно што и вашите поддржувачи се во шок и ова добро го знаете.

Континуираната кампања за оцрнување организирана од премиер на држава е само потврда за неспособноста на тој премиер да понуди решенија за проблемите.

Владеењето на ВМРО-ДПМНЕ досега е само театар на обвинувања за да се прикријат скандалите со луксузирања, неспособноста да се справи со пожарите, газењето по работниците и нивните плати, задолжувањето до гуша на крајно сомнителен начин, криминалот со подароци од стотици илјади евра. Листата нема крај, затоа ова ќе ве однесе во ендек“ е партискиот став.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Гаши да одговора!

Откако не успеаја да го скријат скандалот…

СДСМ: И во наше време Османи сакаше…

Најголемата опозициска партија СДСМ упати низа обвинувања…

СДСМ до Мицкоски: Aко имаш докази објави…

„Откако дојде на власт, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ…

Фала Мицкоски и Тошковски – Нов парк…

Во Радуша никнува нов парк, но не…

Филипче: МВР да истражи што се случило…

Недозволиво е за една ваква сериозна работа…