„СДСМ е против една изборна единица, се надева дека така ќе го одложи сопствениот распад“, вели Левица
Левица преку соопштение обвини дека СДСМ одбива да се приклучи на разговорите за воведување една изборна единица, оценувајќи дека со тоа се обидува да го зачува актуелниот изборен модел и да го одложи сопствениот политички пад.
Од партијата велат дека наместо да изгради јасен став за реформите на Изборниот законик, СДСМ ја пренасочува дебатата кон, како што наведуваат, „конспиративни теории“, избегнувајќи да одговори дали ја поддржува идејата за една изборна единица.
„Особено е симптоматично што партијата која со години тврдеше дека се залага за една изборна единица, денес одбива дури и да седне на маса за да разговара за таква реформа. Ако и понатаму се за една изборна единица, тогаш што ги спречува да учествуваат во разговорите? Ако повеќе не се, нека им го кажат тоа на своето членство“, наведуваат од Левица.
Според партијата, со одбивањето на координацијата СДСМ пропуштил можност опозицијата да настапи со заеднички став и да изврши притисок за промени на изборните правила.
Левица смета дека актуелниот изборен модел е од клучно значење за политичкиот опстанок на СДСМ.
„Панично го бранат системот што произведува изгубени гласови, непропорционална распределба на мандати и вештачки политички кислород за партии кои одамна ја загубија довербата кај граѓаните“, се вели во соопштението.
Воедно, партијата ја обвини СДСМ дека заедно со ВМРО-ДПМНЕ ги изгласал измените на Кривичниот законик, кои, според нив, овозможиле амнестија за голем број функционери.
На крајот, Левица повторно го постави прашањето до СДСМ дали ја поддржува идејата за една изборна единица, оценувајќи дека, како што наведуваат, „сè друго е обид да се одложи сопственото распаѓање“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СЕМЕЈНА ДРАМА ВО ТЕТОВО! Побарал пари од…
Триесет и шестгодишен жител на Тетово бил…
Утре до 23 степени, од четврток промена…
Времето утре ќе биде сончево со мала…
Прозападната опозиција во Чешка победи во вториот…
Прозападните опозициски партии постигна голема победа во…
Алигатор долг 3,6 метри усмрти 71-годишен маж…
Седумдесет и едногодишниот Стив Хамилтон загинал во…
Ел Сиси: Египет ќе ја брани Саудиска…
Египетскиот претседател Абдел Фатах ел Сиси изјави…