СДСМ за Договорот со „Бехтел и Енка“: Мицкоски дојде на власт и смени лента – договорот беше „историски криминал“, а сега е супер
Опозициската СДСМ со критика до премиерот Христијан Мицкоски за наративот пред и по доаѓањето на власт во однос на Договорот со „Бехтел и Енка“ и изградбата на фазите од Коридорите 8 и 10Д.
– „Договорот помеѓу владата и Бехтел и Енка отвори 10-тина дилеми за историски криминал“, „Таму се фатени буквално во сериозен криминал“, „Криминалот со Бехтел и Енка ќе го кријат со Закон“, „Ова е историска пљачка“ – вака говореше Мицкоски до пред само неколку месеци. Дојде на власт, седна во премиерската фотелја и Мицкоски веднаш смени лента. Одеднаш се е различно, се е супер – посочуваат од СДСМ.
Премиерот претходно изјави дека од работата изминативе четири месеци како Влада и три месеци како раководство во ЈПДП, „можеме да забележиме дека се направено двојно, тројно повеќе работи споредено со две години претходно“.
Според него, ова не е магија или илузија, туку вистина.
– Овие преговори заедно со раководството на компанијата „Бехтел” започнаа уште при оние контакти во Вашингтон, кога бев на посета во Вашингтон, на Самитот на НАТО, продолжија тука и гледате еве кога ќе се постигне заеднички, кога ќе има дијалог, кога ќе се разговара, може да се постигне и напредок. Тој напредок сите можеме сега да го видиме и јас сум навистина горд што сме денеска овде и што во периодот којшто следи ќе имаме уште многу пријатни и убави вести за вас, за македонската јавност и македонските граѓани, најави дел и потпретседателот на Владата и министер за транспорт, господинот Александар Николовски, рече Мицкоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кирил Петков: Русија сака да одлучува наместо…
Русија сака да одлучува наместо нас што…
Иран соопшти дека со шест дрона нападнал…
Иранската Исламска револуционерна гарда утринава соопшти дека…
Песков откри каде и кога ќе се…
Рускиот претседател Владимир Путин, неговиот кинески колега…
Мосад ја извести ЦИА за наводни планови…
Израелската разузнавачка служба „Мосад“ ја извести американската…
Снегот ги затрупа патиштата во Хрватска, а…
Во Хрватска, особено во планинските предели на…