СДСМ: За починатото бебе мора да има одговорност, катастрофата во здравството не може се крие
За починатото бебе мора да има одговорност, катастрофата во здравството не може се крие, реагираат од опозициската СДСМ.
– Состојбите во здравството се влошуваат од ден на ден. Алармантно расте бројот на смртните случаи, 20 бебиња почнаа во изминатите 7 месеци, се влошуваат услугите за граѓаните.
Мора да има одговорност за она што се случува, мора да има одговорност за починатите бебиња.
Јавноста е сведок дека има обиди да се заташка последниот случај со смртта на седуммесечно бебе на Клиниката за детски болести, кое било одбиено за хоспитализација, без да се издаде никакво образложение за причините.
Зошто бебето не било примено? Зошто немало специјалист кога го донеле бебето во болница? Кој е одговорен за ова?
Клучното прашање е кого штити Таравари? Себе си? Неговиот кадар Мемеди? Ова е недозволиво.
Министре за здравство Таравари, се работи за деца, ова се трагични бројки, заедно со директорот на Клиниката за детски болести Мемеди, треба излезете и да си поднесете оставки.
Болниците кубурат со основни медицински материјали, листите за чекање се огромни, а новопоставените директори ги заплашуваат здравствените работници за да не зборуваат јавно за проблемите во здравството.
Катастрофата во здравството не може да се крие. Одговорност мора да има! – велат од СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: СДСМ и ДУИ си скроија закон…
Во Брисел испративме два закони – Кривичниот…
АНКЕТА: ВМРО-ДПМНЕ со трипати поголем рејтинг од…
Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ ужива убедлива доверба кај…
Мицкоски: Владата на СДСМ отворила пат Мацура…
Секој кој ќе ги исполни условите може…
ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…
СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС никако да престане свесно да…
СДС никако да престане со умисла да…