СДСМ: ЗНАМ тотално се распаѓа на сите нивоa

t

По пратеникот во Собранието Миле Цеков, уште еден член на ЗНАМ го напушта владејачкото мнозинство, овој пат советничката Мирјана Стеваноска на ЗНАМ во Советот на општина Прилеп, тоа значи дека ЗНАМ се распаѓа на сите нивоа, реагираат од СДСМ.

„Оваа група, создадена од Максим Димитриевски, а финансирана од Мицкоски и ВМРО-ОКГ со единствена цел растурање на СДСМ, прво ја предаде својата матична партија, а потоа и своите гласачи со влегувањето во тендер коалицијата со најголемиот непријател на Македонија – криминалната организација ВМРО-ОКГ.

Како што самиот пратеник Цеков јавно кажа дека ЗНАМ ги изневери своите избирачи и дека не исполнил ништо од предизборните ветувања, сега тоа го гледаат и останатите членови“ се наведува во соопштението на СДСМ.

Од СДСМ се обратија и до членовите на ЗНАМ за кои како што велат се водат од интересот на граѓаните.

„Веруваме дека постојат уште луѓе во ЗНАМ кои беа измамени и кои не се водени од личен интерес, туку од интересот на граѓаните на Македонија. На нив им порачуваме: не останувајте како соучесници и соработници во најголемото предавство на земјата заедно со криминалната група. ЗНАМ се распаѓа“ велат од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЗНМ укажува на потребата од професионален однос…

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), по…

Финска заврши со поставување ограда на границата…

Финска, членка на НАТО, заврши со поставување…

Недоволна имунизација во Прилепско – опфатот далеку…

Прилепскиот регион се соочува со недоволен опфат…

Трагедија во кочанско, пронајдено тело на 17-годишно…

Тело на младо лице било пронајдено во…

26 пожари низ Македонија, 5 се активни

На ден 07.09.2026 година, до 18:00 часот,…