СДСМ: Зошто Мицкоски бега од вистината за трагедијата во Кочани?
Се уште нема правда за трагедијата во Кочани – трагедија што ја потресе цела Македонија. Во катастрофалниот пожар што избувна во дискотеката „Пулс“, животот го загубија 62 млади луѓе, а над 200 беа повредени. Речиси три месеци по настанот, одговорност сè уште нема, а Обвинителството не покрена ниту едно обвинение против ниту еден од тогашните носители на јавни функции.
Од СДСМ обвинуваат дека се работи за намерно прикривање на вистината и организирана заштита од врвот на власта. Партијата прашува зошто актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се плаши од целосно расветлување на случајот и дали стравот произлегува од можноста истрагата да води директно до функционери блиски до неговата партија.
Особено остри се критиките кон началничката на ОВР Кочани, Марија Цветковска-Маневска, која, иако била на функција за време на трагедијата, досега не сноси никаква одговорност. СДСМ прашува зошто не постапила по службени белешки за незаконското работење на дискотеката и зошто не одговара за тоа што вратата на локалот била заклучена – факт што се смета за еден од клучните фактори за големиот број жртви.
Опозициската партија укажува и на наводна вмешаност на сменоводителот Драган Казак Петрушев, за кого има сведочења дека бил во директна комуникација со сопственикот на дискотеката и дека вршел контроли надвор од предвидената процедура. И покрај тоа, тој не е опфатен со истрагата, а според СДСМ, тоа можеби се должи на неговата блискост со ВМРО-ДПМНЕ.
Исто така, под прашалник е и улогата на Дејан Салтировски, началникот на СВР Штип, кој бил присутен во критичната ноќ и за кого, според опозицијата, постојат индиции за фалсификувани документи. Но и тој останува недопирлив, а причината, велат од СДСМ, може да се крие во неговата блиска врска со Орце Тодоровски-Ефто – доверлив соработник на Мицкоски.
Во фокусот на истрагата досега биле само обични полицајци, кои претходно ја казниле дискотеката, додека одговорните службени лица кои требале да ја проверат сопственоста и легалноста на објектот остануваат надвор од било каква истрага.
СДСМ апелира до Обвинителството да ја надмине политичката блокада и конечно да започне вистинска, независна и професионална истрага. Родителите на загинатите, семејствата и цела Македонија заслужуваат вистина и правда – не молк и заштита на виновниците.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: Реформаторите на СДС го тролаат „лидерот“…
СДСМ со Венко Филипче се бетонира како…
Првоодделенска грешка на транспарент на СДСМ: Македонија…
СДСМ денес објави транспарент на кој пишува…
„50 пати на улица и во судница,…
Во Кочани денеска се одржа 50-тиот „Марш…
Адвокатот Туфегџиќ со предлог како побрзо да…
Судењето за трагедијата во Кочани ќе биде…
Шкотските навивачи со донација за децата фудбалери…
Фудбалскиот клуб „Фудбал Старс“ од Кочани доби…