СДСМ: Зошто се кријат резултатите од анализите на водата во Гостивар?

t

Опозициската СДСМ прашува зошто се кријат резултатите од анализите на водата во Гостивар.

„Кој уште верува во институции под контрола на Мицкоски? Гостивар мора да ја знае вистината. Кој уште верува во институции кои ги контролираат ВМРО-ОКГ и Христијан Мицкоски? Дали постои човек кој сериозно верува во Мицкоски? Дали граѓаните треба да веруваат во обвинителство за кое пред неколку дена Европската комисија објави извештај во кој јасно се наведува политичкото влијание, односно влијанието на Мицкоски врз него? Дали е тоа истото обвинителство кое го поставува Мицкоски, кое го повикува од собраниската говорница, кое го притиска преку медиуми и кое го користи за нарачка на политички прогон преку телефон?“, прашуваат од СДСМ.

Од партијата прашуваат дали резултатите од анализите на водата во Гостивар се кријат од обвинителството, како што велат, по налог на Мицкоски, бидејќи тие можат да доведат до нови сознанија и нова одговорност.

„ВМРО-ОКГ и понатаму се обидува да ја сведе одговорноста само на „морална“ и да ја префрли на локално ниво, додека институциите кои ги контролира продолжуваат да молчат и да кријат информации. Граѓаните на Гостивар, и сите граѓани на Македонија, заслужуваат да знаат целата вистина a не изговори и селективна одговорност која ја штити криминалната структура на власта“, велат од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Катар тврди дека сè уште посредува меѓу…

Катар продолжува да посредува и да пренесува…

Клековски: Ќе постапам за случајот со непотребните…

Министерот за здравство Сашо Клековски вели дека…

Двајца поранешни министри од владата на Орбан…

Унгарските власти приведоа двајца поранешни министри од…

ФФМ: Организиран превоз и фан зона за…

Македонската фудбалска репрезентација вечерва од 20:45 часот…

Арагчи: Отворени сме за преговори, но подготвени…

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи…