СДСМ: Ивановски и „реформаторите“ ја доведоа партијата до изборен пораз, сега се јавуваат како спасители

t

СДСМ преку соопштение упати остри критики кон Игор Ивановски и членовите на таканаречената „Платформа за иднината“, оценувајќи дека станува збор за луѓе кои биле дел од поранешното партиско раководство и, според партијата, имаат одговорност за изборниот пораз на парламентарните избори во 2024 година.

„Игор Ивановски, човекот кој денес се претставува како голем реформатор и носител на „Платформата за иднината на Мицкоски“, беше Генерален Секретар на СДСМ, Потпретседател на СДСМ, а на последните парламентарни избори во 2024 година, кога партијата ја загуби власта, беше шеф на тимот кој ја пишуваше програмата и го подготвуваше програмскиот конгрес, заедно со својот близок соработник Андреј Петров.

Други учесници во оваа таканаречена „платформа“ беа членови на Извршниот одбор и шефови на изборни штабови во првата изборна единица во 2024 година.

Сега, истите тие луѓе кои беа дел од раководството и кои ја креираа програмата со која се изгубија изборите, се јавуваат како спасители на СДСМ и бараат реформи – но не од внатре, туку преку притисок однадвор, со вклучување на членови од други партии“, пишува во партиското соопштение.

За партијата е особено апсурно што во оваа „платформа“ се појавува и Славјанка Петровска – која во 2024 година беше носител на листа и министерка во владата на СДСМ.

Од СДСМ исто така прашуваат зошто Ивановски не направи своја реформска програма во 2024 год. кога во партијата имаше внатрепартиски избори и не се кандидира против председателот Венко Филипче, кој победи со 18.000 гласови? Прашуваат и зошто, ако сакаат вистински да помогнат на СДСМ, не ги прифатеа повиците и понудите од претседателот Филипче да се приклучат и да работат за јакнење на органите на партијата.

„Сега кога партијата е консолидирана, кога го врати угледот и довербата кај граѓаните, кога рејтингот расте, токму оние што, според нас, ја доведоа партијата до изборен пораз на претходните избори, денес бараат „реформи“?! “пишува во соопштението на СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Ивановски и „реформаторите“ ја доведоа партијата…

СДСМ преку соопштение упати остри критики кон…

Путин и Трамп во 85-минутен телефонски разговор…

Рускиот претседател Владимир Путин оствари телефонски разговор…

Викенд-хаос на границите: На Евзони се чека…

Викендот донесе голем број патници кон грчкото…

Околу 20 портали и профили под истрага…

Околу 20 комуникациски канали, меѓу кои веб-портали,…

МВР со превентивни активности за спречување на…

Во Штип, Делчево, како и на подрачјето…