Објавено на:

СДСМ: Извештајот на Вајц е потврда дека власта ја турка Македонија во изолација

t

„Извештајот на известувачот за Северна Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајс, е уште потврда на она што СДСМ со месеци го говори: Македонија е заглавена, реформи нема, процесот на пристапување кон ЕУ е сопрен, власта ја турка земјата во изолација“, велат од најголемата опозициска партија преку соопштение. Според таборот на Венко Филипче, „процесот на пристапување е сопрен“ не е оценка на опозицијата, туку официјален став од овој извештај.

Според СДСМ, во документот јасно се наведува дека нема напредокот во владеењето на правото, правосудните реформи и борбата против корупцијата.

„Пораката од Брисел е јасна: проширувањето може да се забрза, но само ако има вистински реформи и владеење на правото. Со владата на Мицкоски Македонија денес нема ниту едното ниту другото. Корупцијата и криминалот цветаат, секојдневно сме сведоци на криминални тендери“, обвинуваат, меѓу другото, од СДСМ.

„Од суштинско значење за евроинтеграцијата на државата, особено во контекст на новата геополитичка реалност е сите политички актери, особено владата да дава опипливи резултати во клучните области, а во исто време Европската унија, нејзините држави-членки мора ги исполнат своите обврски, целосно да ја поддржат земјата, вклучително и преку активен дипломатски ангажман за да ѝ помогнат да напредува во исполнувањето на сопствените обврски“ – ова е дел од Нацрт-извештајот на известувачот на Европскиот парламент кој следната недела ќе го презентира пред Комитетот за надворешни работи.

Според него, земјава моментално се наоѓа во тешка позиција, бидејќи процесот на пристапување е сопрен.

„И покрај некои позитивни реформи, напредокот на реформската агенда на ЕУ – особено во клучни области како владеење на правото, реформите на правосудството и борба против корупцијата е недоволен. Ова се должи на изборната кампања, ограничените капацитети во јавната администрација и недостигот на долгорочна политичка посветеност“, вели Вајц.

Посочува дека не е постигнат напредок во однос на уставните измени, поради загриженост за потенцијални дополнителни билатерални блокади или барања од Бугарија и смета дека е потребно зголемување на политичка волја од двете страни за да се надмине овој ќорсокак.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израелскиот претседател му го довери мандатот на…

Израелскиот претседател Исак Херцог денеска му го…

Отпорноста на бактериите на антибиотици е сè…

Отпорноста на бактериите на антибиотици, која во…

Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…

Иран и Русија планираат изградба на гасовод…

Иран планира во соработка со Русија да…