СДСМ: Извештајот на ЕП го посочува странското мешање во Македонија, руското, српско и кинеско влијание

t

Европскиот парламент во својот извештај за Македонија јасно и недвосмислено укажува на сериозни ризици од странско мешање и влијание кое директно го загрозува европскиот пат на државата. СДСМ навреме предупредуваше и гласно зборуваше за овие ризици а очигледно е дека ситуацијата е многу посериозна, велат од партијата.

„Во извештајот се нагласуваат руските напори за проектирање влијание, кинеското економско и политичко влијание, како и растечките врски со Србија која спроведува илиберална агенда во регионот. Европратениците изразуваат загриженост од регионалните наративи и влијанието на „српскиот свет“ кое е насочено против европската ориентација на Македонија. Ова не е прв пат Европскиот парламент да укажува на овие опасности“, стои во соопштението на СДСМ.

Од таму обвинија дека премиерот Христијан Мицкоски ја копирал политиката на српскиот претседател Александар Вучиќ.

„Но, ова е прв пат кога ваквите предупредувања доаѓаат во момент кога Владата на Христијан Мицкоски отворено ја копира политиката на Вучиќ и „српскиот свет“ и во реторика, и во наратив, и во политичкиот модел. Додека Мицкоски и ВМРО секојдневно го туркаат антиевропскиот наратив, го навредуваат секој што се залага за ЕУ и ја блокираат европската иднина на граѓаните, Европскиот парламент јасно порачува дека странското мешање – руско, кинеско и преку регионални актери, станува сериозна закана за Македонија. Наместо да се бори против овие влијанија, Владата на Мицкоски активно учествува во нивното ширење. Наместо да ја зајакнува отпорноста на државата, ја слабее преку политички прогон, контрола на медиуми и откажување од реформи. Европскиот парламент го кажа она што граѓаните го чувствуваат секој ден. Македонија е изложена на странско влијание, а Владата на Мицкоски не само што не го спречува, туку активно придонесува за него. СДСМ останува јасно и доследно на страната на европскиот пат, на владеењето на правото и на отпорноста од секое странско мешање – било тоа руско, кинеско или регионално. Граѓаните заслужуваат Македонија да биде дел од Европа, а не заложник на туѓи интереси и туѓи наративи“, велат од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Градоначалникот на Лондон казнет за неплаќање данок…

Градоначалникот на Лондон, Садик Кан, е прогласен…

(Видео) Германија тестира моќна балистичка ракета сред…

Германија успешно тестираше балистичка ракета произведена во…

(Видео) Го прашаа Путин дали Русија ќе…

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи,…

Поради невремето, наместо во Скопје авион од…

Авионот на компанијата „Еделвајс“ кој полета од…

Медведев: Неонацистите заслужуваат директен удар врз Берлин

Германската влада ја обвини Русија за обидот…