СДСМ: Извисени се работниците, Мицкоски призна дека ВМРО-ДПМНЕ не предвидува зголемување на платите
Мицкоски ги извиси и работниците и Синдикатите и призна дека ВМРО-ДПМНЕ не предвидува зголемување на платите во ниту еден сектор, реагираат од СДСМ на интервјуто на премиерот Мицкоски за ТВ Телма.
– Додека се фали со скапите и луксузни часовници од 60.000 евра Мицкоски ладно најавува дека нема да има поголеми плати во здравството, полицијата, армијата…
Нема да се прифати ниту барањето на синдикатите за зголемување на минималната плата на 450 евра ниту пак ќе се почитуваат колективните договори.
Извитоперени се приоритетите на Владата на Мицкоски. За луксузни патувања на министрите, за скапи карти и авионски летови со бизнис класи има пари ама за животниот стандард на работниците нема.
Ова се катастрофални економски политики кои ВМРО-ДПМНЕ ги спроведува уште во првиот месец од мандатот кои ќе го намалат животниот стандард на граѓаните и ќе донесат економска неизвесност.
СДСМ е целосно на страна на работниците, ќе се спротивстави на погрешните политики на ВМРО-ДПМНЕ. Силно ќе ги поддржиме синдикатите во битка за остварување на своите права и за подобрување на животниот стандард. – велат од СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 30 членови на СДСМ од…
Повеќе од 30 членови на ОО СДСМ…
Мицкоски: СДСМ и ДУИ си скроија закон…
Во Брисел испративме два закони – Кривичниот…
АНКЕТА: ВМРО-ДПМНЕ со трипати поголем рејтинг од…
Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ ужива убедлива доверба кај…
Мицкоски: Владата на СДСМ отворила пат Мацура…
Секој кој ќе ги исполни условите може…
ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…
СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…