СДСМ и ДПМНЕ не се власт и опозиција, туку конкуренција за поделба на тендери, затоа ја напаѓаат Левица

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се конкуренција за поделба на тендери, не власт и опозиија, пишува претседателот на младината на Левица, Марио Јанески.
-Чекор 1: Бугари во устав никогаш!
Чекор 2: Бугари во устав под овие околности не!
Чекор 3: Бугари во устав со хрватскиот модел!
Чекор 4: Бугари во устав само со ДУИ надвор од Влада!
Чекор 5: Бугари во устав со одложено дејство!
Чекор 6: Понуда за широка коалиција со СДС!
Чекор 7: Напади кон Левица наместо кон СДС!
Чекор 8: Дополни во коментар
Зарем е тешко да ги предвидите следните чекори? Зарем е тешко да видите дека СДС и ВМРО не се власт и опозиција, туку конкуренција? Конкуренција за поделба на тендери, грантови, концесии и слично.
Кое предавство во Македонија поминало без амин од двете партии?
Затоа ВМРО ја напаѓа Левица. Оти е опозиција, која може да му го загрози бизнисот на раководството. ВМРО бара 61 пратеник, не за Македонија, туку за одредена група на луѓе да накалемат богатство, додека членството кое се пали на четирите букви е во лажна илузија дека тоа е борба за Македонија. – напиша Јанески на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица: Психијатриската болница Демир Хисат во хорор…
Психијатриската болница во Демир Хисар со години…
СДСМ ќе поднесе кривична пријава против пратеничката…
Пратеничката група на СДСМ на прес-конференција најавија…
Левица: Советниците на ДПМНЕ изгласаа во Долно…
Во Долно Лисиче ќе никне нова индустриска…
Костова: Додека за народот стана луксуз да…
Владата на ДПМНЕ за само девет месеци…
СДСМ: Откако Таравари беше фатен во обид…
Мицкоски и Таравари беа фатени во обид…